Јужна Кореја изгради цел град за тестирање автономни возила

- Advertisement -

Јужна Кореја го отвори првиот дел од нивните простории за тестирање беспилотни автомобили. Диџајниран е како минијатурен град и на производителите на автомобили им дава шанса да тестираат прототипови на модел на автопат со четири ленти без да се вклучуваат во вистински сообраќај. Целиот град, кој го носи името K-City, ќе ги има сите елементи на еден традиционален модерен град, па истражувачите можат подобро да предвидат како ќе се однесуваат автомобилите во реалниот свет. Градот ќе биде функционален до 2018 година.

- Advertisement -

Компаниите за технологија и производителите на автомобили како Samsung, Hyundai и Kia сите ќе бидат вклучени во новиот K-City. Најрпвин беше отворен автопатот за владата да може да ги комерцијализира автономните автомобили од ниво 3 во наредните три години. Освен четири ленти на автопатот, ќе има и крстосници и патарина.

Ниво 3 е некое средно ниво кај беспилотните автомобили: автомобилот може да врши повеќе задачи, но возачот секогаш мора да биде тука за да преземе контрола. Ова е само едно ниво пред целосна автоматизација, односно нивоата 4 и 5. Повеќето компании работат на ниво 4, односно беспилотно искуство со постојана контрола. Кај нивото 5 возачот нема никаква контрола врз возилото.

- Advertisement -

K-City се гради на околу 35 км од Сеул, а досега се инвестирани речиси 10 милиони долари во проектот. Ќе зафаќа површина од околу 32 хектари кога ќе биде комплетиран на крајот на 2018 година. Во градот ќе има и други ситуации од реалниот живот како тесни улички, пешаци и разни дупки по патиштата. Според некои медиуми, во градот ќе има 35 различни услови за возење како патарини, тунели, крстосници, градилишта, па дури и железнички пруги. Во сите прототип возила ќе има Wi-Fi, како и во целиот град. Така полесно ќе се собираат податоци за однесувањето на возилата во различни сценарија.

Сподели!
- Advertisement -