Мексико е на пат да ја генерира најевтината соларна енергија во светот – цените ќе бидат минимум 1,77 центи за киловат-час. Министерството за енергија на Мексико ги објави компаниите кои се избрани да се натпреваруваат со проекти за обновлива енергија и цените по кои ќе се продава енергијата. Најниската цена за соларна енергија во Мексико ќе биде 1,77 центи за киловат-час и се очекува да се намали на 1 цент до 2019 година. Во последната рунда беа одобрени 15 понуди од осум компании за соларна енергија и енергија од ветар меѓу кои Canadian Solar, ENEL Green Power и Mitsui.
Inhabitat пренесува дека избраните проекти ќе бидат приклучени онлајн и ќе почнат да продаваат енергија до 2020 година. Овие и останатите проекти се голем чекор напред кон реализација на целите на Мексико според Парискиот мировен договор., како и за регионалните цели на Мексико, САД и Канада. Во 2016 година трите земји се договорија до 2025 година најмлаку 50% од енергијата што ја користат да доаѓа од обновливи извори. Канада е на пат да ја оствари целта, додека Мексико продолжува да го збогатува портфолиото со обновливи извори. САД се уште заостанува со спроведувањето на договорот.
Цената на соларната енергија во Мексико ги надминува очекувањата на скептиците кои веруваа дека таквите цени се невозможни во земја како Мексико. И поркај економските предизвици, Мексико докажува дека евтината обновлива енергија може да се произведе во кој било дел од светот и да се исполнат целите од Парискиот мировен договор, иако некои земји како САД одбиваат да учествуваат.