Годинава видовме какви ефекти може да имаат силните урагани. Харви и Ирма се само некои од бурите кои уништија илјадници домови, но архитекти сега направија нов тип куќа со соларно напојување која ќе може да издржи бури и раст на нивото на морето, пишува 24sata.hr.
Од компанијата Waterstudio доаѓа Arkup на архитектот Коен Олтиус. Овој мобилен дом е отпорен на ветар со брзина до 250 километри на час, што се карактеризира како ураган од 4 степен. Домот ќе може да плови и на тој начин успешно ќе преброди и зголемување на нивото на морето сред бура. Освен тоа, содржи системи кои ќе можат да го подигнат за околу 12 метри над морското дно во кое е усидрен среде поплави, а ќе чини од 2 до 3 милиони долари.
Како додаток од Waterstudio најавуваат опција за собирање и прочистување на дождовната вода, а првиот прототип се надеваат да биде готов идната година во Мајами. Оваа компанија е позната по дизајнирање домови на вода, а директорот Коен Олтиус јахтите ги смета за пловни домови и иднината на живеалиштата, особено во доба на климатски промени.