Технологијата и иновациите ги подобруваат сите полиња во животот, па исклучок не е ни земјоделството. Еве седум неверојатни иновации. Првата е расадувач кој го скратува времето за садење за 88%. Втората е роботот FarmBot Genesis, кој сади семе, наводнува и детектира штетници. Третата е Nanofarm на Replantable или мини градина која можете да ја чувате во својата кујна.
Понатаму е FruitMold или калап со кој овошјето ќе ја добие формата која сакате. Петта иновација се машините на италијанската компанија Orlandi кои сами ги шишаат зелените огради во совршени топки. Drill Till е уникатна алатка која ви помага во садењето така што ви прави дупки во земјата без да се наведнувате, а LYFE System се посебни саксии кои лебдат во воздух.