Вегански ресторан во Њујорк го донира целиот профит за хуманитарни цели

- Advertisement -

P.S. Kitchen е луксузен вегански ресторан кој лани се отвори во Њујорк. Таму може да се најдат мали и големи оброци, како и закуски, а сите јадења се на растителна база. Најбитно од се е тоа што тие донираат 100% од профитот за бедомниците. И не само тоа. P.S. Kitchen оди чекор понапред и го решава другиот најголем проблем за бездомниците – невработеноста. Ресторанот ги вработува сите локални бездомници кои сакаат нов почеток, пренесува GreenMatters.

Мисијата на ресторанот е да се понуди квалитетна храна и да им служат на работниците, на корисниците и на општеството. Не само што имаат одлична храна, туку целиот профит го даваат на хуманитарни организации локално и интернационално. Парите одат во повеќе невладини организации како што се Defy Ventures, The Doe Fund и Bowery Mission.

- Advertisement -

Организациите како The Doe Fund работат со осуденици, додека Bowery Mission нуди засолниште и храна за бездомниците. Со цел да се избегне осудување од луѓето, не се објавува минатото на ниту еден бездомник. P.S. Kitchen добива пофалби не само за своите напори за бездомниците, туку и за храната што ја нуди. Нивните коктели се некои од најдобрите во градот, а самиот ресторан е прогласен за еден од најдобрите во Њујорк.

Сподели!
- Advertisement -