Илон Маск сака подземниот тунел да го прошири под цел град Лос Анџелес

- Advertisement -

Додека многумина не веруваа во неговиот план да направат тунел под Лос Анџелес, Илон Маск поднесе барање да го изгради вториот дел од неговиот радикален план за револуционизирање на транспортот. Тој се надева дека ќе може да изгради тунел долж линијата 405, покрај познатиот аеродром LAX, каде што многу честио има сообраќаен метеж и застој. 
Според Daily Mail, неговата компанија Boring Co. аплицираше за дозвола за ископување за да се продолжи тунелот од Хоторн до Лос Анџелес и да ги поврзе Саут Беј, Вест сајд и Сан Фернандо Вели. Илон Маск сподели фотографија од тунелот кој ќе овозможи патниците од Лос Анџелес да се возат под градот Лос Анџелес со брзина од дури 240 км/ч. Првиот дел долг 3,2 километри треба да биде готов за 3-4 месеци.

Од пред неколку месеци е познато дека Илон Маск копа тунел и ја тестира опремата под Лос Анџелес, но сега тој ја сподели и првата фотографија од тунелот. Тунелот ќе функционира како најбрзите ленти од автопатиштата, каде штѕо електрични лизгачи ќе ги носат возилата на главната артерија и ќе се префрлаат од еден во друг тунел.

Сподели!
- Advertisement -