Проѕирна антена за ветробранско стакло

- Advertisement -

LG Electronics на  CES 2024 саемот во јануари идната година ќе претстави проѕирна антена за автомобили. Антената се нанесува директно на стаклото на возилото како еден вид на лепенка, а е дизајниран во соработка со реномираниот француски производител на ветробранско стакла, Saint. Gobain Sekurit.

Автомобилската индустрија, во која сега електричните возила станаа нов стандард, а наскоро ќе ги заменат и автономните и софтверски дефинирани возила, е подготвена за револуција во конектирањето. Од LG велат дека за оваа трансформација е потребна врвна телекомуникациска технологија, способна за размена на податоци во реално време во рамките на личниот простор со висока технологија.

- Advertisement -

Дизајнирана е за компатибилност со различни видови стакла и дизајни на возила, а ќе биде достапна како решение на стакло или во самото стакло. Широката површинска примена на антената гарантира стабилни телекомуникациски перформанси и скалабилност. Оваа најнова технологија на, LG нуди подобра поврзаност и поддршка за 5G, GNSS (глобален навигациски сателитски систем) и Wi-Fi.

Проѕирната антена може незабележително да се интегрира во ветробранското стакла или во стаклени кровни прозорци.

- Advertisement -

(Vidi.hr)

Сподели!
- Advertisement -