- Advertisement -
Хрватска воведува нов вид на лични карти до крајот на наредната година кои во себе ќе содржат и електронски потпис на граѓанинот, известува Poslovni Dnevnik.
Државата во септември 2018 година ќе донесе регулатива која ќе овозможи е – потписот да се користи и преку мобилен и таблет.
- Advertisement -
Се очекува, ваквите решенија да ги прошират можностите на електронското работење во Хрватска. Во период најдоцна до четири години, сите граѓани на државата ќе добијат од новиот вид на лични карти со е – потпис. После септември 2018 година, сите издадени лични карти од надлежните органи автоматски ќе бидат со е – потпис на граѓанинот.
Сличен проект веќе успешно функционира и во друга европска држава, Естонија, каде граѓаните имаат е – државјанство.
- Advertisement -