„Еколошкиот затвор“ Бастој во Норвешка е најфиниот во светот

- Advertisement -

Поголема е веројатнста дека затворениците во затворот Бастој во Норвешка ќе ги најдете на плажа или на прошетка низ шума отколку затворени во ќелија. Не е ни чудо зошто Бастој се смета за најфиниот затвор во светот, пренесува Светскиот економски форум.

Бастој се наоѓа на мал остров и во него има 115 затвореници. Некои од нив се осудени за тешки и насилни криминални дела. Бастој е најголемиот затвор со ниско обезбедување во Норвешка, но тоа е повеќе од заедница отколку затвор. Затворениците живеат во заеднички домови со сопствени спални соби и заеднички простории. Можат да носат сопствена облека, да одат во продавница, во библиотека или во црква кои се на имотот.

- Advertisement -

Во слободно време можат да одат на риболов, да играат фудбал или да вежбаат во теретана. Имаат посебна соба за гледање филмови, за одржување предавања, настани или концерти. Затворениците дури и работат на траектите кои водат до и од островот, но се чини никој нема желба да избега.

Овој затвор е чиста спротивност на традиционалниот затвор и традиционалниот пристап за казнување на криминалците. Многумина критичари сметаат дека Бастој е повеќе одморалиште отколку поправна установа, но норвешките власти инсистираат дека помекиот пристап е поефективен.

- Advertisement -

Затворениците мора да се почитуваат меѓусебе и да готват два оброци во денот. Бастој е она што Норвњшка го нарекува „еколошки затвор“. Затворениците работат секој ден, се грижат за коњи и овци, работат на фарма, сечат дрва итн. Тие поминуваат нив позеќе тренинг програми, учат нови вештини додека чекаат да бидат ослободени.

Норвешка е земја со најмала стапка на повторување криминално дело во Скандинавија. Две години после ослободувањето само 20% од затворениците повторно се осудени. За споредба, во САД повеќе од 50% од криминалците повторно се наоѓаат во затвор во период од три години по ослободувањето.  Во Новершка не постои смртна казна. Најдолгата затворска казна е 21 година, односно 30 години за дела врзани за геноцид, додека просечната казна е 8 месеци.

Сподели!
- Advertisement -