Ултразвучно „торнадо“ ја уништува згрутчената крв во вените

- Advertisement -

Истражувачи од Државниот универзитет на Северна Каролина развија нова алатка и техника која користи еден вид на ултразвучно торнадо за разбивање на грутките крв во мозокот. Новиот пристап делува побрзо од постојните техники за отстранување грутки во мозокот.

„Нашиот претходен труд се занимаваше со различни техники кои користат ултразвук за отстранување крвни грутки користејќи го она што се всушност бранови насочени напред. Нашиот нов труд користи вртлог од ултразвучци, односно ултразвучни бранови кои имаат спирален фронт. Со други зборови, ултразвукот се врти додека се движи напред“ вели Џиоанинг Јианг, коавтор на студијата.

- Advertisement -

Крвните грутки се формираат во вените одговорни за одведување на крвта од мозокот. Новата алатка се состои од една сонда која е посебно дизајнирана за производство на вртежниот момент. Сондата е доволно мала за да се вгради во катетер, кој потоа преку крвниот систем се води до местото каде што е грутката.

За да го потврдат својот концепт научниците користеле кравја крв во 3Д печатен модел на церебрален венски синус. Врз база на достапните податоци, фармацевтските интервенции за стопување на крвните грутки траат најмалку 15 часа, а во просек околу 29 часа, велат истражувачите. Во текот на нивното ин витро тестирање акутните крвни грутки биле разбиени за помалку од половина час.

- Advertisement -

Истражувачите направиле и тестови за да утврдат дали ултразвучниот вртлог предизвикал оштетување на црвените крвни клетки и утврдиле дека немало значително оштетување на клетките.

Наредниот чекор е да направат тестови со користење на животински модел за подобро да ја утврдат одржливоста на оваа техника. Ако тестовите бидат успешни, се надеваат дека ќе продолжат со клинички испитувања.

- Advertisement -

Нивната студија е објавена во списанието Research.

(Vidi.hr)

(фото: Freepik)

Сподели!
- Advertisement -