„Tip of the Week“ се авторски текстови што се објавуваат секој четврток и обработуваат теми од секојдневниот живот коишто помогат да го подобрите вашето лично и професионално работење.
Возбуден од неодамна лансираниот концепт за интернационализација на Прирачникот „Tip of the Week“, во разговор со еден пријател му раскажувам колку сум загрижен за тоа што ќе се случи, каков ќе биде резултатот! Тој ми вели, „како требало, така ќе биде”.
Никогаш досега не бил искористен некој неделен совет како
промотивен канал за пласирање на некоја реклама. Но, во овој
(и веројатно во неколку наредни) ќе го употребиме за промоција
на кампањата на Tip of the Week на Kickstarter, за развој на
Балканско издание кое ќе се промовира на светскиот пазар.
Ќе ни биде од огромна помош доколку го споделите овој линк
со вашите контакти (тука и во странство) кои сметате дека
би сакале да не поддржат или и вие самите да купите или да донирате
(минимумот е $1), доколку ви се допаѓа концептот.
Ви благодариме однапред.
Едноставно кажано. Народна мудрост на место. На крајот, во секој случај, како требало така и ќе биде. Колку и ние да мислиме, да се нервираме, да се потресуваме, да дигаме паника и губиме енергија „туфкајќи”, на крај ќе биде така како што требало да биде. И јас пробувам да се водам од тоа правило. Ако нешто се случило значи требало да се случи. „Ми се скрши вазната, многу драга ми беше, специјален подарок”. Tоа е, се скршила, гледаме што може да извлечеме како поука и продолжуваме понатаму.
Од една перспектива (кога нешто веќе се случило), можеби е така. Прашањето тука е, дали ние може да направиме нешто пред да се случи некоја работа/активност/проект, за да влијаеме подобро на она што можеби и требало да се случи?! Дали ако седиме и ништо не правиме или од друга страна, активно работиме на некоја задача (посветено и трудољубиво), крајниот резултат ќе биде како што требало да биде. Во секој случај да, но секако резултатот ќе биде различен во двата случаи.
За да го промениме крајниот резултат, пред сè, мора да има акција. Акцијата е таа што ќе влијае на резултатот. Ако сакате да ви се реализира позитивно некој проект, посветете се најдобро што знаете, бидете тим и насочете ги своите сили и знаење кон остварување на таа цел. Ако забележавте во горниот пасус, наведов листа на работи што ги правиме кога очекуваме да се случи некоја важна работа, но не пишав „акција”. Генерално, тоа и ни се случува, паничиме повеќе отколку што правиме, а треба да бидеме луѓе од акција.
Идеи и само мислење не носи успех. Она што го прави нешто успешно или не е акцијата.
Како да се биде човек од акција:
- Енергија: мора да имате вишок на енергија. Вежбајте.
- Храброст: влегувајте во непознато. Тестирајте си ги можностите и соочете се со стравовите.
- Посветеност: фокус, деталност и најголема професионалност во работењето
- Активност: работете и кога не ви се работи. Тоа е најголемата умешност и главен фактор за менување на кодот за неактивност (мрза).
- Без паника: ние најмногу паничиме дека правиме претпоставки, што може да се случи (а генерално ни доаѓаат негативните сценарија)! Но, вие треба да видете што може да направите во моментот со цел да влијаете позитивно на резултатот. И делувајте! Друго што ќе се случи, не мислете многу.
И на крајот, пак ќе испадне „како требало, така ќе биде”. Но, мора да бидеме луѓе од акција со цел да ја промените структурата и нивото на квалитет на реализација на поговорката.
Со успех во промените,
Петар Лазаров, член на тимот