Разликата меѓу добрите и одличните паметни телефони е се помала, а разнгирањето на телефоните станува се потешко. При оценувањето на телефоните треба да се земат предвид повеќе работи како спецификации, карактеристики, дизајн и цена. Најголем дел од добрите телефони имаат и повеќе од доволно моќни батерии, одлично се дизајнирани и имаат еден куп други способности. Единственото нешто на што треба да се внимава е цената.
Еве кои се најдобрите 20 паметни телефони кои можете да ги купите сега.
20. BlackBerry Classic
Доколку сте фан на BlackBerry fan, сигурно ќе ви се допадне Classic. Постарите модели на BlackBerry имаат одличен екран на допир и физичка тастатура. Цената е 240 долари.
19. Sony XZ Premium
Од една страна, ова е добар телефон. Екранот е одличен, софтверот е брз, исто како и целиот телефон. Но, од друга страна, не толку моќната батерија и лизгавиот дизајн не се типични за звучното име Sony. Претходно имаше цена од 800 долари, XZ Premium сега е достапен за помалку од 600 долари на Amazon.
18. BlackBerry KeyOne
KeyOne е наследник на Priv. Работи на Android и има физичка тастатура поставена под дисплејот. KeyOne е одличен уред за сите кои сакаат физичка тастатура и пристап до апликации и услуги на Google, кои ги нема на други BlackBerry уреди. Цената е 500 долари.
17. Motorola Moto G5 Plus
Moto G5 Plus и понатаму е омилениот од поевтините Android паметни телефони. Тој е доказ дека добриот, но не одличен хардвер е одлична карактеристика по пониска цена. Нема многу опции како премиум телефоните, но се што има е сосема доволно за 230 долари.
16. Motorola Moto G5S Plus
Овој телефон има метален дизајн, додеа претходните верзии беа половина метал половина пластика. Новиот модел има и поголем екран, но едно од најбитните надградби е камерата од 13 мегапиксели со двојна леќа. Се продава по цена од 280 долари.
15. Motorola Moto Z2 Force
Новиот Moto Z2 Force доаѓа со се што нуди еден премиум телефон. Брз е, има одличен екран, камерите прават одлични фотографии и навистина е тенок. Во споредба со други телефони, екранот му е поотпорен на крење. Цената му е 720 долари.
14. Apple iPhone SE/6S/6S Plus
Сите модели го делат истото место затоа што се постари од 2 години, имаат слични спецификации и се уште може да се купат. Исто така, сите се одлични паметни телефони. Сите имаат убави камери и сензор за отпечатоци. Друг бонус е та што се уште имаат приклучок за слушалки. Цената им се движи од 350 до 550 долари.
13. HTC U11
U11 има прекрасна камера, рефлективен дизајн и брзи перформанси. Има многу битна карактеристика која ви овозможува да ги притиснете рабовите за да отворите некоја апликација, меѓу кои и Google Assistant.
Од сите аспекти е одличен паметен телефон, но нема приклучок за слушалки. Се продава по цена од 650 долари.
12. LG G612
G6 е најдобриот телефон на LG. Со него LG конечно нуди телефон со премиум дизајн, водоотпорен и е во иста лига со телефоните на Samsung и Apple. Овој телефон чини 550 долари.
11. Essential Phone
Essential Phone е навистина убав телефон. Има дисплеј од раб до раб и куќиште направено од премиум материјали. Задниот дел е направен од керамика, а страните се титаниум. Брзо работи и камерите прават добри фотографии. Цената му е 500 долари.