Intel и Warner Bros ќе прават холограми и проекции за паметните автомобили

- Advertisement -

Автономните автомобили роботи се се поблиску. Во нив нема да има управувач, возач, но тоа не значи дека ќе се досадуваме додека се возиме. Извршниот директор на Intel, Брајан Крзаник, објави дека производителот на процесори и познатата компанија за производство и дистрибуција на филмови Warner Bros заеднички ќе развиваат забавна платформа за патниците во целосно автономните автомобили.

Таа платформа ќе се вика AV Entertainment Experience илиi AVEE и ќе вклучува проекции и холограми со технологија за проширена реалност, па од автомобилите ќе можете да гледате некои целосно други светови надвор и возењето ќе ви биде многу забавно, пренесува Vidi.hr. 

- Advertisement -

„На пример, фановите на Бетмен ќе уживаат во возење со ‚бетмобил’ низ улиците на Готам Сити, додека засилената реалност креира еден свет кој е наоѓа надвор од автомобилот“ наведува Крзаник.

Тоа на компаниите ќе им понуди и нова платформа за огласување. Засега нема конкретни планови кога оваа технологија ќе се најде во паметните автомобили по патиштата, но Intel и Warner Bros планираат да ја вградат во еден од своите тест 100 автомобили.

Сподели!
- Advertisement -