YouTube ќе вработи 10.000 луѓе кои ќе ги прегледуваат содржините

- Advertisement -

YouTube ги објави плановите да вработи уште повеќе луѓе идната година за полесно да се цензурираат содржините кои се несоодветни за оваа мрежа. Компанијата веќе неколку години е под притисок на јавноста поради екстремните, насилните и вознемирувачки снимки кои се бришат кога ќе ги види публиката и ќе ги пријави.

YouTube разви автоматски софтвер за да ги идентификува видеоклиповите кои се поврзуваат со екстремисти, а сега ќе развива и софтвер кој ќе препознава говор на омраза и несоодветни содржини за деца. Тие кои ќе ги прикачат таквите видеосодржини нема да можат да наплаќаат од прегледи.

- Advertisement -

Целта ни е да собереме тим од 10.000 луѓе кои би биле доволни за да се санкционираат содржините кои не се во согласност со нашата политика. Мора да имаме пристап за поефикасно вршење на работата и побрзо одлучување кои канали и клипови можат да се рекламираат. И нашите корисници велат дека мора да бидеме попрецизни во прегледувањето на содржините за да не ги цензурираме видеата со грешки“, вели извршната директорка на YouTube, Сузан Воџиски.

Сподели!
- Advertisement -