Светска банка со нова поддршка за Македонија од 135 милиони долари

- Advertisement -
Светска банка во рамки на Стретијата за партнерство со Македонија за период 2015-2018 година во наредниот период планира да обезбеди околу 135 милиони долари во нови кредити кои ќе бидат насочени кон управувањето со јавните финансии и реформи во социјалните услуги, како и инвестиции во областа на енергетската ефикасност.

Од Светска банка информираат дека вкупното финансирање на Светска банка за Стратегијата 2015-2018 година ќе изнесува околу 360 милиони долари. Дополнително, IFC, дел од Групацијата Светска банка кој го поддржува приватниот сектор, планира да финансира околу 40 – 60 милиони долари до крајот на циклусот на Стратегијата.

- Advertisement -

Новата партнерска рамка, за периодот 2019 – 2022 година, според најавите од Светска банка ќе биде дискутирана и договорена со Владата во втората половина на 2018 година.

Светска банка го објави прегледот за успешност и научени лекции во кој го оценува напредокот во имплементација на тековната Стратегија за партнерство со земјата 2015-2018 година.

- Advertisement -

Во него, како што соопштија од Канцеларијата на Светска банка во Скопје, констарира дека Македонија постигна значителни резултати во зајакнување на мрежите на социјална заштита и пред крајот на 2018 година очекува натамошен напредок во управувањето со јавните финансии, инвестициската клима, патната инфраструктура, образовниот сектор и општинската инфраструктура.

Прегледот  покажува дека имплементацијата на програмата е на вистински пат со забележлив напредок во подобрување на транспарентноста во управувањето со јавните финансии и ефикасност во системот на социјална заштита. Интервенциите на Групацијата Светска банка, исто така, стои во соопштението, забележаа задоволителен напредок во создавањето подобри услови за инвестициите во приватниот сектор и поврзување со странските директни инвестиции.

- Advertisement -

– Прегледот за успешност и научени лекции ја потврди усогласеноста на Стратегијата за партнерство со приоритетите на тековната Влада на Македонија, рече Горан Тињиќ, лидер на тимот кој го подготви Прегледот.

Тековната Стратегија е фокусирана на две широки теми: раст и конкуретност и вештини и инклузија, со агендата за пристап кон ЕУ како тема која се проткајува низ Стратегијата. Соработката со ЕУ во текот на последините години се зголеми преку користење на достапните фондови од ИПА за локална и регионална конкурентност во туризмот и подобрување на општинските услуги во руралните области.

Сподели!
- Advertisement -