Од ноќеска почнува летното сметање на времето

- Advertisement -

Од утре еден час порано ќе се будиме од спиење. Ноќва почнува летното сметање во два часот стрелките на часовникот ќе покажуваат три часот. 

Ноќта меѓу сабота и недела, во 02:00 часот стрелките од часовникот ќе се поместат еден час нанапред. Како и секоја година, промената на часовникот се случува во последната недела од март, а ќе остане во сила до 30 октомври, кога ќе се врати зимското сметање на времето. Така ќе добиеме еден час повеќе светлина, а ќе спиеме час помалку.

- Advertisement -

Промената на часовникот веќе неколку години е дел од дискусиите на европско ниво и по јавната консултација од 2018 година пратениците изгласаа резолуција за ставање крај на промената на часовникот почнувајќи од 2021 година. Но, за да стане европска директива, таа мора да биде оценета и усвоена од Европскиот совет, кој се уште не расправал за ова. Промената на часовникот, од недела, на 27 март, влијае на заштедата на струјата, а тоа беше причината поради која била и воведена. Исто така позитивно влијае и на намалување на загадувањето на животната средина, значително го намалува испуштањето на отровни гасови во воздухот.

Сподели!
- Advertisement -