Компанијата Booking.com ја најави програмата Booking Booster 2018 која е со траење од три недели и е наменета за компании во почетна фаза на развој кои делуваат во секторот на туризмот. Со награден фонд од вкупно 4 милиони евра, Booking.com најави дека ќе даде поддршка на компании и поединци преку две посебни иницијативи.
Првата иницијатива или прорама е наречена Booster Labs која предвидува регионално фокусирани викенд-програми во 2018 година достапни ширум светот. Нивната цел е да им пружат на стартапите кои се занимаваат со одржлив туризам информации, алатки и вештини кои се потребни за успех и поголемо влијание, пишува ICT Business.
Втората иницијатива е Booking Cares Fund кој е наменет за поддршка на идеи за одржлив туризам од поединци кои имаат цел да ја зајакнат својата локална заедница, да ја зачуваат и промовираат културата, да ги заштитат природните ресурси и да промовираат активности во туризмот.
За тринеделната програма Booking Booster 2018, Booking.com ќе избере одреден број на стартап компании во мај 2018 кои ќе ги повика во Амстердам. Програмата ќе вклучува низа предавања, практични работилници и тренинзи и натпреварување, со тоа што компанијата која ќе победи во финалето со својата идеја и план за одржлив туризам, ќе добие награда од 500 илјади евра кои се одвоени од вкупниот фонд.
Сите компании ќе добијат ментор – експерт кој ќе им пружа поддршка неколку месеци, а ќе добијат и шанса за соработка со Booking на потенцијални иницијативи поврзани со иновации и екперименти за убрзување на развојот.