Booking.com ќе поддржи стартапи за одржлив туризам со 4 милиони евра

- Advertisement -

Компанијата Booking.com ја најави програмата Booking Booster 2018 која е со траење од три недели и е наменета за компании во почетна фаза на развој кои делуваат во секторот на туризмот. Со награден фонд од вкупно 4 милиони евра, Booking.com најави дека ќе даде поддршка на компании и поединци преку две посебни иницијативи.

Првата иницијатива или прорама е наречена Booster Labs која предвидува регионално фокусирани викенд-програми во 2018 година достапни ширум светот. Нивната цел е да им пружат на стартапите кои се занимаваат  со одржлив туризам информации, алатки и вештини кои се потребни за успех и поголемо влијание, пишува ICT Business.

Втората иницијатива е Booking Cares Fund кој е наменет за поддршка на идеи за одржлив туризам од поединци кои имаат цел да ја зајакнат својата локална заедница, да ја зачуваат и промовираат културата, да ги заштитат природните ресурси и да промовираат активности во туризмот.

- Advertisement -

За тринеделната програма Booking Booster 2018, Booking.com ќе избере одреден број на стартап компании во мај 2018 кои ќе ги повика во Амстердам. Програмата ќе вклучува низа предавања, практични работилници и тренинзи и натпреварување, со тоа што компанијата која ќе победи во финалето со својата идеја и план за одржлив туризам, ќе добие награда од 500 илјади евра кои се одвоени од вкупниот фонд.

Сите компании ќе добијат ментор – експерт кој ќе им пружа поддршка неколку месеци, а ќе добијат и шанса за соработка со Booking на потенцијални иницијативи поврзани со иновации и екперименти за убрзување на развојот.

Сподели!
- Advertisement -