Деновиве актуелна е премиерата на новата епизода на Star Wars, но оваа научно – фантастична приказна може да не научи многу и за водењето бизнис
1. Користете ја силата
Понекогаш како лидер мора да ги затворите очите и да знаете од каде ќе дојде следниот ризик за бизнисот. Односно, секој лидер има бизнис инстинкт и треба да научи да му верува.
2. Трпеливоста е клучна
Треба да знаете дека резултатите од одредени проекти не се видливи веднаш и сосема е нормално доколку веднаш не се забележува дали инвестицијата се исплатила. Во дел од The Empire Strikes Back гледаме колку трпеливоста е важна и како да се издигнеме од неуспесите. Доколку не постојат неуспесите и не бидеме трпеливи, нема да научиме како да се сравиме со предизвиците и да продолжиме напред.
3. Изгледот може да ве излаже
Не ги судете своите колеги или потенцијални бизнис партнери само според нивниот изглед. Се сеќавате како реагираше Лук Скајвокер кога за првпат го запозна Јода? После средбата видовме дека и покрај изгледот, Јода е еден од најсилните ликови во франшизата.
4. Никогаш не запирајте со едукација
Џедаите никогаш не престануваат да тренираат за да научат како да ја користат силата. И вработените исто така никогаш не треба да престанат да учат и професионално да се развиваат. Учењето од грешките исто така е клучно, а целиот тим заедно со лидерот не треба да се чувствува непријатно да зборува за своите грешки бидејќи само така ќе научи лекција за во иднина.
5. Останете со „ладна“ глава
Вежбајте самоконтрола, особено во стресни ситуации. Џедаите живеат според оваа филозофија односно според етичкиот принцип да го користат своето оружје lightsaber само во случаи кога ситуацијата не може да се реши на друг начин. Дури и кога тензиите се зголемуваат, одличниот лидер секогаш останува смирен и разумен.
6. Изградете одличен тим
Да бидеме реални, екипата која ја гледавме во оригиналната трилогија на Star Wars беше незаменлива. Тие се усогласија еден со друг и заедно придонесоа кон создавање на еден од најдобрите филмови во историјата. Инвестирајте во вашиот тим и ангажирајте луѓе кои заедно ќе работат успешно и ќе придонесуваат кон неверојатни нешта за вашиот бизнис.