Шест совети за безбедно користење на WiFi мрежи

- Advertisement -

Бесплатните WiFi мрежи можат да бидат супер ако сакате да заштедите на податoчниот сообраќај, но потребно е да се биде навистина внимателен. Еве неколку совети до кои треба да се придржувате кога се приклучувате на нови мрежи.

Исклучете го вашето WiFi кога не го користите
Со исклучување на безжичната мрежа ќе решите три нешта: ќе заштедите батерија, нема автоматски да се приклучите на несакана мрежа и ќе бидете поштедени од безброј нотификации. За дополнително ниво на заштита инсталирајте ја екстензијата DoNotTrackMe која ќе ги блокира страниците и услугите за да не ја откриваат вашата моментална локација.

- Advertisement -

Користете VPN
VPN или виртуелна приватна мрежа ви дава анонимност додека сте онлајн: веб страниците кои ќе ги посетите ќе ја видат адресата на виртуелната мрежа, а не онаа која моментално ја користите. Меѓутоа VPN е платена услуга која може да ја успори вашата мрежа. Цената на услугата не е голема, а секогаш можете да најдете и бесплатни доколку сте спремни сепак да ризикувате сигурност.

Не дозволувајте уредот да ја запамети бесплатната мрежа
Поголемиот дел од паметните телефони ќе ја запаметат бесплатната мрежа како hotspot во трговски центар или на аеродром кои претходно сте ги користеле. Измамници можат да ја копираат таа мрежа и преку вашиот уред да извлечат важни податоци.

- Advertisement -

Внимавајте на името на мрежата
Хакерите доста често користат имиња на мрежи кои се доста слични на оригиналот. Единствената разлика е тоа што автентичната мрежа ќе побара некој вид на авторизација додека лажната мрежа ќе биде бесплатна. Пред да се конектирате на некоја бесплатна мрежа во иднина, осигурајте се за точното име.

Инсталирајте антивирус
Ова е навистина важно: секогаш морате да имате ажурирана антивирусна програма на уредот. Постојат стотини начини да се пробие одреден уред, а вашата единствена задача е да бидете во тек со надградбите на антивирусот. Меѓу другото, антивирусот ќе ве предупредува кога се конектирате на сомнителни мрежи.

- Advertisement -

Користете мрежа која бара двостепенско логирање
Мрежата која не бара лозинка или која не ви праќа порака за потврда може да биде лажна. За да се осигурајте, одбирајте мрежа која ќе ви бара одредено логирање. Ова мрежите ги штити од криминалци кои ги злоупотребуваат отворените мрежи.

(Poslovni Dnevnik)

Сподели!
- Advertisement -