28 C
Skopje
понеделник, август 10, 2020

Како да ги мотивирате вработените во текот на последните месеци од годината?

Kabtel desktop

Потребно е да сте навистина одлучни и да имате силна волја за да дадете се од себе кога гледате дека играта е пред крај. Истиот тип на менталитет треба да го имаат и директорите и менаџерите сега кога влеговме во четвртиот квартал од годината

Се гледа крајот на фискалната година. Последните три месеци од годината ќе покажат дали се исполнети зададените цели за годината и каков успех се постигнал. Едно нешто што посакуваат сите менаџери и директори е силен четврт квартал.

Потребно е да сте навистина одлучни и да имате силна волја за да дадете се од себе кога гледате дека играта е пред крај. Истиот тип на менталитет треба да го имаат и директорите и менаџерите сега кога влеговме во четвртиот квартал. Овој период од годината ги тава на тест нивните лидерски вештини и покажува колку ефективно можат да го мотивираат тимот кога истекува времето на часовникот.

Тешко е да се најдат начини да се мотивираат вработените при крајот на годината. Продуктивноста се намалува поради празниците, а физичкиот и менталниот стрес од изминатите месеци си го зема данокот. Сепак, има неколку докажани начини на кои може да се мотивираат вработените во текот на последниот квартал. Еве кои се тие.

Бидете пример за другите
Делата кажуваат повеќе од зборовите. Нема поента да се зборува како треба да се работи кога прво менаџерите и директорите не го прават тоа. Доколку лидерите очекуваат вработените да го дадат максимумот на крајот од годината, тие треба да го постават примерот. Вработените се угледуваат на лидерите. Доколку гледаат дека извршниот директор се забавува и не работи, тие ќе прават исто како него. Вистинското лидерство се покажува со засукување на ракавите и напорна работа рамо до рамо со вработените.

Оддавање признание за одлично сработена работа
Треба солидно да се работи цела година, но треба да се знае да се признае и да се оддаде почит на вработените кои четвртиот квартал се убиле од работа. Никој не очекува секојдневно да биде пофален за сработеното, но уважувањето на вработените кои дале 110% за некој проект или задача ќе им покаже на другите вработени дека лидерите обрнуваат внимание на нивниот труд во текот на целата година. Ова е докажан метод за поттикнување на мотивацијата и ангажираноста.

Поставете реалистични цели за четвртиот квартал
На почетокот на годината лидерите поставуваат јасни цели и задачи кои организациите треба да ги постигнат до крајот на годината и вработените работат во тој правец. Повеќе од 75% од лидерите веруваат дека вработените ја разбираат визијата на компанијата за цела година. Но, на крајот на годината се гледа што се постигнало. Без оглед на напредокот кој е остварен, лидерите сакаат вработените силно да запнат за почетокот на идната година да биде подобар. Еден од начините да се постигне тоа е да се постават реалистични цели за четвртиот квартал, кои се доволен предизвик за вработените да дадат најдобри перформанси.

Наградувајте
Иако истражувањата покаќуваат дека вработените се чувствуваат подобро кога ќе им се оддаде признание за работата отколку кога ќе добијат некој пдоарок, тоа не значи дека давњето подароци не е функционално. Напротив, тоа е многу ефективно, особено на крајот на годината. На пример, можете да понудитe повеќе денови платен одмор за највредниот работник на годината.

(Entrepreneur)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •