Топ 10 европски дестинации за божиќен шопинг (1 дел)

- Advertisement -

Празниците се период кога многумина сакаат да се во удобноста на сопствениот дом блиску до семејството и до приајтелите. Други, пак, сакаат да искусат нешто ново, да видат како други места во светот ги празнуваат празниците. Доколку спаѓате во втората група, The Guardian ви нуди листа со најубави дестинации за посета оваа зима.

Лисабон, Португалија

- Advertisement -

Зошто да го посетите? Лисабон целиот светка за Божиќ, мирисот на печени костени го исполнува воздухот, концерти се одржуваат во секоја црква, но сите настани не се комерцијализирани и се навистина топли и локални. Што да купите од Лисабон? Меѓу многуте центри за шопинг можеме да го истакнеме A Vida Portuguesa за секакви локални производи од сапуни до чевли. Сепак, Largo do Intendente е најголем и најдобар, а е лоциран во стара фабрика за плочки.Градот е полн со стари семејни мали бизниси кои постојат со децении или векови.

Лил, Франција

- Advertisement -

Зошто да го посетите? Колоритните фасади на куќите изградени од трговци уште во 17-тиот век во стариот дел од градот изгледаат особено убаво во снежни денови, а тесните улички полни со продавници, кафулиња и барови се магично место за шопинг. Жителите на Лил се познати како луѓе кои знаат да се забавуваат, па тук има многу повесела атмосфера отколку во кој било друг француски град. Што да купите? Градот е полн со антиквитети. Тука е „бувљакот“ Гран Бадери, каде што секој септември доаѓаат дури 2,5 милиони посетители. Има многу книжарници, винарници, слаткарници.

Гант, Белгија

- Advertisement -

Зошто да го посетите? Тука има помалку божиќни пазари отколку во Бруж, помалку луксуз и мода отколку в Антверпен, но Гант нуди шармантно белгиско искуство со баровите за квалитетно пиво, средновеконата и неоготската архитектура и креативниот дизајн кој се бара во зимските денови. Доколку барате ументички подароци, продавницата Topo Copy има необични постери и принтови, а може да ви направат и персонализирана хартија. Има продавници за дрвени рачно изработени предмети, уметнички книги, чевли, „бувљаци“ итн.

Минхен

Зошто да го посетите? Поради популарноста на божиќните пазари во Велика Британија, германските не се нешто посебно популарни, но доколку некој знае да направи традиционален и убаво организиран божиќен пазар, тогаш тоа е Минхен. Градот целосно е исполнет со духот на Божиќ: има божиќен трамвај, има посебен склад за Божиќ, божиќно дрво на кое горат 3.000 свеќи. Архитектирата, топлата храна и пијалаци и алпската атмосфера се доволна гаранција за убав помин. Германската божиќна торта, „столн“, која потекнува од Дрезден, како и многу други божиќни слатки и солени работи може да се најдат во Минхен.

Копенхаген

Зошто да го посетите? Кул, но истовремено топол и пријатен, галвниот град на Данска е мешавина од старото и новот: од замоци и палати до модерни современи дизајнерски продавници, од стари ресторани до тренди микропиварници и места за јадење. Во Копнехаген на секој чекор можете да најдете нешто уникатно и убаво, но секако посетете ја улицата Јегерсборгад во Норебро полна со мали продавници каде што има се што ќе посакате.

Сподели!
- Advertisement -