Пронајдени три досега непознати егзотични субатомски честички

- Advertisement -

Научници од Големиот хадронски судирач (LHC) пронајдоа три досега непознати субатомски честички, објави вчера Европската организација за нуклеарни истражувања (CERN).

LHС е 27 км долг кружен подземен тунел во кој се забрзуваат и се судираат субатомски честички за да се испитаат нивните својства и да се откријат нови. Во LHC е пронајден и Хигсовиот бозон, кој се смета за многу битен дел од формирањето на вселената после Големата експлозија пред 13,7 милијарди години, пренесува Reuters.

- Advertisement -

Научниците од CERN сега објавија дека забележале нов вид на пентакварк и првиот кога било пар тетракварк, додавајќи ги на листата со нови хадрони пронајдени во LHC. Тие на физичарите ќе им помогнат да сфатат како се слагаат кварковите заедно во сложени честички.

Кварковите се елементарни честички кои се комбинираат во групи од два или три кварка за да создадар субатомски честички како протини и неутрони. Се редат и формираат поголеми групи, со четири или пет кваркови, односно т.н. тетракваркови и пентакваркови.

- Advertisement -

(Dnevnik.hr)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -