Пет карактеристики поради кои Илон Маск стана иноватор

- Advertisement -

Секој од нас има определено време во денот – 24 часа. Сепак, некои луѓе одлучуваат да бидат попродуктивни и иновативни од други, поради што стануваат милијардери во години кога останатите од нас уште не знаат дали ја избрале вистинската кариера.

Илон Маск, без сомневање, е еден од најпочитуваните милијардери на денешницата. Да видиме што правел Маск секојдневно за да успее да биде чекор пред сите и кои се неговите навики кои го разликуваат од останатите.

- Advertisement -

1. Тој чита исто толку колку што останатите луѓе гледаат телевизија

Илон Маск е дефиниција за човек кој чита многу. Додека бил во училиште во денот минувал 10 часа читајќи, а ја прочитал и целата Encyclopedia Britannicca. Некои од неговите омилени книги ја вклучуваат трилогијата „Господатот на прстенитемемоарот на Бенџамин Френклин, биографијата на Ајнштајн, како и многу бизнис книги за стартапи и раст.

- Advertisement -

2. Постојано ги брка своите интереси

Маск вистински верува во самостојно и самоводечко учење. На само 12 години програмира игра која ја продава за 500 долари. Тој исто така има двојна диплома за физика и економија, а за време на студиите сам си обезбеди пракса во компанија за видеоигри и компанија за истражување.

- Advertisement -

Денес тој вреди 14,5 милијарди долари и води компании кои немаат никаква поврзаност меѓусебно. Единственото нешто што неговите компании го имаат заедничко е интересот кој Маск го има за нив.

3. Тој е постојан оптимист

Иако првите две навики можат да му се препишат на кој било бизнисмен, Маск има и друг ас во својот ракав – тој апсолутно секогаш ја гледа чашата како половина полна. Forbes еднаш ги опиша неговите компании дека се стремат кон скоро невозможни резултати, но Маск не се согласува со тоа.

Тајната за неговата иновативност лежи во неговиот ентузијазам. Станува збор за човек кој пораснал со татко кој бил емотивно насилен, а еднаш бил претепан од соученици поради што завршил во болница. Но, тој вели дека доколку се разбудиш наутро уверен дека те чека светла иднина, тогаш и денот ќе ти биде подобар.

Маск навистина верува дека тоа што го прави е добро за светот и дека придонесува кон позитивна промена. Во канцелариите на својата компанија SpaceX тој чува постери со „пред“ и „после“ колонизацијата на Марс.

4. Сепак, продолжува да верува дека и неуспехот е опција

Безброј луѓе – дури и они кои се квалификуваат како експерти – му рекле на Маск дека неговите идеи се смешни и осудени на пропаст. Но, тој знае дека неуспехот е опција овде и верува дека доколку не доживуваш неуспеси, тоа значи дека не иновираш.

5. Знае дека треба да одвои и време за забава

Биографијата за Маск која ја напиша Ешли Венс насловена „Илон Маск: Tesla, SpaseX и потрагата по фантастична иднина“ открива детали за неговиот приватен живот, особено за тоа колку тој сака да се забавува.

За својот 30-ти роденден изнајми вила во Англија за само дваесет гости, каде што играа криенка до 6 часот наутро. Друг пат организираше маскенбал во Венеција, каде што се облече како витез. Освен забавите, тој и генерално знае како да си поминува добро.

Откако ја продава својата прва видеоигра отвора место за играње видеоигри во својата родна Јужна Африка. Исто така, планира да изгради рингишпил околу канцелариите на SpaceX само затоа што сака.

Не ви е потребен докторат за да станете пионер во одредена област.

Уште пред да постигне успех со својата првата компанија PayPal, Маск се откажува од факултетот. Подоцна се запишува и на докторски студии на Стенфорд, кои исто така ги остава по два дена. Тој сфаќа дека на часовите нема да научи толку многу колку што може самостојно.

Ако треба да заклучиме кои карактеристики го направиле Илон Маск тоа е што е денес, би сумирале во една реченица: тој е посветен на она што го интересира, неверојатно љубопитен, голем оптимист и без страв од неуспех.

Сподели!
- Advertisement -