Летачките автомобили многу набрзо ќе излезат од фикцијата и ќе станат наша реалност, а компанијата Richard’s Architecture + Design (RA+D) на чело со архитектот Ричард Морета Кастиљо веќе дизајнираше еколошка кула со инфраструктура за летачки автомобили и дронови. Кулата Smart Power Long, зграда која се планира за Шангај, ќе има површини за слетување на летачки автомобили. Футуристичкиот концепт е целосно „зелен“, односно ќе содржи вертикална шума од 50.000 дрвја и грмушки, пишува Inhabitat.
Во Дубаи почнаа да се тестираат летачки такси пред некое време. RA+D го осмислија концептот за кулата во 2015 година, но велат дека кулата во Шангај ќе се изгради многу побрзо од планираното – од 2018 до 2020 година.
Инспирацијата за кулата потекнува од кинеската уметност за цртање и правење змејови. На надворешниот дел има паркинзи за дронови-автомобили. Кулата природно ќе го чисти воздухот бидејќи растенијата ќе го впиваат јаглерод диоксидот, а ќе има инсталирано и 180 уреди за екстракција на СО2 од воздухот.
Други чисти технологии кои ќе бидат имплементирани во кулата се мала фабрика за рециклирање на вода со помош на третмани со ултравиолетова светлина за дезинфекција. Вертикална фабрика за електрична енергија ќе влече струја од сончевата енергија, од ветрото, од водата и геотермална енергија.