Што да одговорите кога на интервју ќе ве прашаат зошто ја напуштате моменталната работа?

- Advertisement -

Секогаш е најдобро да се стремите кон тоа да останете позитивни во текот на целото интервју за работа. Ниту еден работодавец нема да вработи кандидат кој не покажува ентузијазам, но да се остане позитивен не е лесно во моментот кога ќе ве прашаат зошто ја напуштате моменталната работа?

Секако дека постои нешто, или повеќе нешта, поради кои сте се решиле да ја напуштите работата која ја имате, инаку не би барала нова работа.

- Advertisement -

Според неколку експерти за човечки ресурси, постојат неколку начини како искрено да одговорите на ова прашање.

Тони Томпсон, уредник на страницата за кариерни совети The Muse, сподели еден пример за Business Insider од интервју за работа во Facebook.

- Advertisement -

„Станува збор за интервју за работна позиција која кандидатот отсекогаш ја посакувал, а за истата му се потребни вештини за социјални медиуми. Кандидадот кажа дека на сегашнава работна позиција нема доволно можности да ги развие своите вештини за социјални медиуми бидејќи некој друг веќе ги работи тие задачи. Ова е сосема валидна причина зошто некој кандидат би се решил да го промени работното место“ објаснува тој.

Наместо вештини за социјални медиуми, можете да кажете дека немате можност да си ги развивате техничките вештини или вештините за уредување. Пред сe, мора да објасните дека моменталното работно место не ви овозможува шанса да се развивате или да ја насочите кариерата во правец кој го посакувате.

- Advertisement -

Она што во никој случај не треба да го кажете е нешто лошо и невкусно за компанијата или за тимот со кој работите. Во овој случај оној кој ќе ве интервјуира ќе добие лоша слика за вашиот карактер.

Сподели!
- Advertisement -