Во Македонија ќе се гради првата приватна ветерна електрана

- Advertisement -

Владата даде дозвола за изградба на првата приватна ветерна електрана во Македонија.

„Владата ја разгледа и ја усвои Информацијата во врска со поднесеното барање на  ТХОР ИМПЕКС ДООЕЛ, Скопје за издавање на овластување за изградба на Ветерна електрана Богословец и донесе одлуката за одобрување за изградба на оваа ветерна електрана, како прва од ваков тип во приватна сопственост“ стои во владиното соопштение.

- Advertisement -

Станува збор за ветерната електрана „Босилково“ на територија на Свети Николе и Штип со проектиран капацитет  од 33 мегавати.

Како што известува Фактор, со проектот Парк на ветерни електрани Богословец, општина Свети Николе и општина Штип предвидено е да се изградат 10 столба, на коишто ќе се постават турбини со моќност од 3,3MW, да се догради и да се прошири постојниот пристапен пат и да се изгради ТС 20(30)/110kV со приклучен далновод 2x110kV.

- Advertisement -

Приклучокот на паркот на ветерни електрани на постојниот 110kV вод ТС Овче Поле – ТС Штип ќе се направи со изградба на далновод 2×110 kV и трафостаница ТС 33/110kV Богословец.

Сподели!
- Advertisement -