Овие држави ќе можат целосно да се напојуваат со обновлива енергија до 2050 година

- Advertisement -

По анализата на енергетските податоци на државите група истражувачи подготви амбициозен план за скоро 140 држави кои би можеле целосно да транзитираат обновлива енергија до 2050 година. 139 држави на кои студијата е фокусирана се одговорни за 99% од вкупната количина испуштен јаглерод диоксид, што е главниот причинител на глобалното затоплување.

Како што пишува Global Citizen, студијата резултирала со план со чекори за секоја од овие држави и става приоритет на проширување на моменталната политика за обновлива енергија која ја имаат. Истражувачите предлагаат чекори за државите со користење на разновидна палета на ресурси, за големи држави како Бразил, Кина, Индија и САД и за помали како Сингапур и Ирска.

- Advertisement -

„Она што е фасцинантно за резултатите од истражувањето е дека секоја држава која ја проучивме има доволно ресурси за да се напојува самата, а за некои помали држави кои се пак со големи популации би требало да се увезува енергија од соседната држава која има доволно енергија и за извоз“ изјавил раководителот на истражувањето, Марк Џејкобсон.

Плановите за државите водат кон иднина во која сите енергетски сектори се електрицифирани и користат топлина директно од постоечките технологии, побарувачката за енергија е ниска поради неколку фактори, а електричната струја е 100% генерирана од вода, ветер и од сонце.

- Advertisement -

Џејкобсон и неговиот тим и претходно имаат креирано слични планови кои претежно се фокусираа на САД, каде што истите предизвикаа вистинска дебата меѓу научната фела. Плановите за државите предвидуваат транзиција од користење на фосилни гориви кон енергија од сонце, ветер и вода, а се состои од чекори како помасивно користење на соларни плантажи и инсталирање на ветерни турбини на копно и на вода кои би ги напојувале домовите и возилата.

Џејкобсон исто така посочи дека се потребни и напори од индивидуалци, како и од политичари за да се остварат плановите. Ако се предизвика 139 од вкупно 193 држави во светот целосно да преминат кон обновлива енергија, значајно ќе се намали нивото на глобалното затоплување, а ќе се намали и годишната стапка на смртност предизвикана од загадувањето на воздухот.

- Advertisement -

Доколку државите ги прифатат плановите кои ги создаде тимот на Џејкобсон, позитивните ефекти ќе бидат огромни. Не само што ќе се намали глобалното користење на енергија и ќе се интензивира борбата против климатските промени, туку ќе се креираат и милиони работни места во енергетскиот сектор.

Сподели!
- Advertisement -