2018-ма веќе е тука. Сепак, доколку сакате да влезете во новата година со вистинската нога, мора да направите добра стратегија и да имате соодветен ментаен склоп. Еве шест грешки кои неуспешните луѓе ги прават во новата година и како да ги избегнете.
1. Не го анализраат постигнатото минатата година
Многу компании овој период од годината прават анализи на перформансите, но дури и доколку вашата компанија не го прави тоа, одвојте време да размислите за тоа што сте го псотигнале вие самите. Не го сфаќајте успехот здраво за готово.
2. Забораваат да си зададат цели
Битно е да мислите на своите долгорочни цели и на краткорочните чекори кои ќе ги преземете во новата година. Нема да се поставите себеси на патеката до успехот доколку не знаете однапред да си го испланирате патот.
3. Не се грижат за сите детали и ситници
Неуспешните луѓе дозволуваат работата да им го одземе слободното време за празниците. Обидете се да ја прославите Новата година и да си го земете заслужениот одмор. Одвојте екстра време сега за да бидете безгрижни наредните неколку дена.
4. Не знаат да се исклучат од се
Доколку умеете да престанете да проверувате мејлови и пораки на телефон, направете го тоа сега. Сте заслужиле одмор.
5. Не знаат да се грижат за мрежата од контакти
Било да се тоа сакани луѓе, семејството или професионални контакти, битно е да се одржуваат врските во животот. Неуспешните луѓе не знаат да го прават тоа. Празниците се совршен изговор за да се испратат честитки или да се јавите на телефон. Не ја пропуштајте таа можност.
6. Не знаат да се заблагодарат
Кога станува збор за успехот ис реќата, благодарноста е многу битен фактор. Успешните луѓе никогаш не ги забораваат луѓето кои им помогнале да си ги достигнат целите. Признајте колку другите ви помогнале во кариерата во текот на годината и дајте им до знаење дека го цените тоа.