Седум трендови кои може да се очекуваат на претстојниот саем за потрошувачка електроника CES 2018

- Advertisement -

Со новата година доаѓа и нова технологија, но постепено. Најголемиот саем за потрошувачка електроника во светот, CES, почнува за некој ден, а првите официјални претзентации на нови производи ќе се случат на 7 јануари. Па, ајде да видиме што можеме да очекуваме од CES 2018!

Најпрвин, иако CES ќе донесе еден куп новини од технологијата, најголем дел ќе бидат бескорисни. CES е местото каде што секој доаѓа за да ги обележи своите 15 минути за годината. Голел дел од прозиводите се корисни само за мал број луѓе. CES е местото и каде што лидерите на полето на виртуелната технологија ги претставуваат своите новитети. Некои индустрии како автомобилската доаѓаат на саемот за да ја разбијат рутината и да се прогласат себеси за технолошки компании.

- Advertisement -

Традиционалните играчи како производителите на телевизори тешко можат да се истакнат, но кога ќе го постигнат тоа се главна тема на разговор целата година. Додека за новите технологии како 5G и засилената реалност нема поголема платформа за промоција од оваа. Сајтот Mashable состави листа со трендовите кои ќе бидат доминантни на CES 2018.

1. Почнува револуцијата на 5G

- Advertisement -

Чудно е на прво место да се спомене 5G бидејќи консументите нема да ја доживеат оваа технологија во текот на годината, но на саемот наголемо ќе се зборува за оваа технологија затоа што ќе влијае на секое друго поле и веројатно по неа и ќе се памети CES 2018. 5G ќе стане малку пореална кон крајот на годината која провајдерите на безичен Интернет ќе почнат да ја тестираат. Сите компании од Intel преку Qualcomm до Verizon и Baidu ќе зборуваат за 5G на шоуто и ќе истражуваат нови начини за побрзи и постабилни безжични конекции и паметни градови.

2. Беспилотните автомобили го поместуваат фокусот на патниците

- Advertisement -

Досега веќе е јасно дека иднината на автомобилската индустрија се беспилотните автомобили. Производителите на автомобили знаат дека технологија за автоматизација нема да биде доволна, па сега почнува трка за најиновативните и напрактичните визии за ентериери и системи за информации и забава. Mercedes-Benz, Toyota, Ford и другите ќе ги претстават своите идеи. Друг битен тренд кај иновациите во автомобилската индустрија се алтернативните горива.

3. Битка за најдобриот паметен дом

На CES 2017 компаниите се натпреваруваа да ги претстават своите уреди за паметен том кои работат со дигиталниот асистент на Аmazon, Alexa, додека Google Home беше нов производ и не беше толку инкорпориран. Една година подоцна со нови генерации производи од двете компании на CES 2018 ќе има бтика Alexa наспрема Google Home. Многу компании кои произведуваат паметни фрижидери, звучници и бебзедносни камери своите производи ќе ги направат компатибилни со двата дигитални асистенти.

4. Дигиталното здравје во фокусот

Изминатата година не беше многу добра за преносните гаџети. Jawbone го нема повеќе, Fitbit се бори да преживее и се чини дека сите се предаваат освен Apple. Тоа не значи дека поминала ерата на дигиталното здравје и фитнесот. Дигиталната технологија во корист на здравјето на која ќе се стави фокусот на CES ќе бидат телемедицината преку засилена реалност и ушни апарати конектирани преку облак. will be things like delivering telemedicine via augmented reality and cloud-connected hearing aids. The throughline

5. Иднината на телевизорите – MicroLED, 8K

На многу начини CES се уште главно се фокусира на телевизорите и додека промените се мали и постојани, по одреден временски период може да се забележи постигнатото – пред 10 години OLED беа новина, а сега производителите како Samsung и LG не можат да престанат да зборуваат за нив. Иако на CES 2018 ќе има многу OLED paneli, ќе има и презентација на нова технологија за дисплеи наречена MicroLED. Се зборува дека MicroLED има многу предности во однос на OLED со подобар контраст, светлина и енергетска ефикасност. Понатаму, светот на телевизијата сега оди на ново ниво: 8K односно приближно 33 милиони пиксели. На CES 2018 веројатно ќе ги видиме првите дисплеи со резолуција 8K на LG.

6. Навистина пристигнува засилената реалност 

Пораката на 2017 е јасна: во битката на реалностите засилената реалност води пред виртуелната. Уредот на Apple за засилена реалност помогна за пробивање на оваа технологија и сега секој производ кој има камера или екран ќе стане дел од трендот. На CES тоа ќе се манифестира со уреди или услуги кои овозможуваат корисниците да испробаат нешто без да го имаат во физичкиот свет.

7. Сите носат безжични слушалки

Ова мораше да се случи. Откако Apple AirPods станаат популарни, сега секој производител на слушалки ќе се приклучи на овој безжичен тренд. Додека минатата година ја обележаа безжичните слушалки, годинава фокусот ќе се стави на квалитетот, цената и примената на истите.

Сподели!
- Advertisement -