Во Данска се гради основно училиште каде што децата сами ќе ја одгледуваат храната којашто ќе ја консумираат. Компанијата C.F. Møller ги откри плановите за училиштето New Islands Brygge School, иновативно основно училиште на површина од 9.819 квадратни метри. Новото училиште ќе има модерна фарма на покривот, каде што учениците ќе одгледуваат зеленчук во стакленици, а потоа тоа што ќе го одгледаат ќе го готват на часовите по готвење.
Како што пишува Inhabitat, освен стакленици, на кровот на училиштето ќе има и соларни панели и други иновативни технологии за штедење енергија. C.F. Møller Architects минатата година победи на натпреварот за дизајн на новото училиште New Islands Brygge School.
Училиштето комбинира учење низ пракса, со сетилата и со искуство. Токму затоа архитектите направија дизајн каде што не постои граница меѓу внатрешноста на училиштето и надворешниот простор. Зградата ќе биде во согласност со најстрогиот закон на Аднска за мала потрошувачка на енергија Сode 2020 и вклучува вентилација со задржување на топлината, природна вентилација, контролирано осветлување со дневна светлина и голема изолација.
Основното училиште ќе биде изградено во центарот на Копенхаген и ќе има и посебен простор за паркур активности. Според најновите податоци, една третина од сите 11-годишници во светот се гојазни. Многу деца се хранат навистина лошо и немаат никаква физичка активност. Ова училиште има за цел да ги научи децата на поздрав начин на живот.