Имплант меѓу кожата и черепот го убива ракот на мозокот

- Advertisement -

Истражувачи од Универзитетот Стенфорд направија безжичен уред кој би можел да им помогне на болните од рак на мозокот и да ја зголеми стапката на преживување. Кога имплантот ќе се стави меѓу кожата и черепот, далечински активираниот уред ги загрева наночестичките од злато за да го убие ракот.

Гиобластомот е агресивна форма на рак со стапка на преживување од само 5% после пет години. Вообичаено се лекува со хируршко отстранување на туморот, после што следува зрачење или хемотерапија за да се отстранат сите останати клетки. За жал, раот често се враќа во Glioblastom je agresivan oblik raka sa stopom preživljavanja od samo 5% nakon pet godina. Obično se liječi kirurškim облик кој е отпорен на тие третмани.

- Advertisement -

Во новата студија научниците од Стенфорд развија помалку инвазивна метода за лекување на туморот на мозокот која во тестовите на глувци значително го продолжила времето на преживување. Се што било потребно биле 15-минутни третмани во текот на 15 дена. Оваа технбика се базира на нов тип на лекување кој вклучува вбризгување на разни видови наночестички во туморот, а потоа и нивно загревање. Прекинувачите може да бидат во форма на електромагнетно поле, ултразвук или светлина, а бидејќи клетките на ракот се осетлици на топлината од здравите клетки, тоа може да ги убие со минимална штета на околните ткива.

Новиот уред на Стенфорд е дизајниран за вградување меѓу кожата и черепот и емитува инфрацрвена светлина кога е вклучен. Ѕвездестите наночестички направени од злато се вбризгуваат во мозокот преку минијатурна дупка во черепот, а инфрацрвената светлина од уредот ги загрева за 5 °C. После неколку циклуси од третманот клетките од ракот се успешно уништени.

- Advertisement -

Научниците велат дека со прилагодување на инфрацрвената светлина како и брановата должина на светлината може да овозможи таргетирање на тумори со различни големини и на различни локации во мозокот.

Истражувањето е објавено во списанието Nature Nanotechnology.

- Advertisement -

(Vidi.hr)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -