Започнете со ослободување од споредби со другиот, перфекционизам и одолговлекувања!
Како претприемач, вие сте сами на себе најдобар пријател и најлош непријател. Можете да ја направите успешна годината која започнува, но за да си олесните на себе, ќе морате прво да се ослободите од неколку лоши навики.
1. Високо мислење за самиот себе
Да, можеби сте невообичаен претприемач, со единствена комбинација на вештини и визија, но тоа не значи дека светот ви должи нешто, особено не ако се сметате за претприемач. Доколку посакувате успех, морате да се вложите труд во остварување на истиот. Доколку сакате нов клиент или нова партнер компанија, време е да се заангажирате и да се вмрежувате поефективно.
2. Остварување на сите обврски самостојно
Не се обидувајте да ги завршите сите работи сами. Во ред е да се побара помош и совет, а можете дури да ангажирате некого за да си го олесните товарот кој го носите. Имате цела мрежа на пријатели и останати претприемачи кои би биле среќни да ви помогнат, без разлика дали тоа ќе го направат за да ви вратат услуга или едноставно бидејќи сакаат да успеете. Претприемништвото е тешко само по себе – не си го отежнувајте уште повеќе.
3. Перфекционизам
Секој понекогаш доживува неуспеси. Успешен човек е оној кој ќе успее постојано да се дигне, секогаш кога ќе доживее пад. Обидувајќи се да бидете совршени само ќе придонесе до тоа кога ќе правите исти грешки, да не успеете да научите нешто ново при процесот.
4. Споредување со другиот
Успешните луѓе се наменети да бидат инспирација. Нивниот успех може да биде потенцијална мапа која ќе ви помогне да ги заобиколите нивните грешки на патот до врвот. Меѓутоа не треба да се угледувате на нив само колку за споредба, бидејќи не секој може да биде еднакво успешен. Успешните работеле напорно за своите достигнувања, а доколку се фокусирате на лекциите кои можете да ги научите од нив, отколку на тоа до каде се стигнати сега, безбедно ќе се пласирате и вие на истата позиција.
5. Одолговлекување
Одредени аспекти на бизнисот не се воопшто забавни. Можеби не сакате да водите некоја е-маил кампања или да ја форматирате ваша веб страница. Некои луѓе пак воопшто не сакаат да подготвуваат сметки и договори, меѓутоа секој чекор си носи своја важност и мора да се заврши. Не дозволувајте одолговлекувањето да биде причината поради која ќе доцните зад роковите и ќе бидете далеку од остварување на вашите цели.
6. Недоволна подготвеност
Без разлика дали станува збор за одолговлекување или преголема самодоверба, да бидете недоволно подготвен може да го уништи обезбедувањето на клиенти, да ја наруши работата или вашата репутација, а откако овие работи еднаш ќе бидат нарушени, тешко се враќаат во нормала. Без разлика колку самодоверба поседувате, важно е да бидете подготвени за сѐ. Имајте план Б и план за најлошо сценарио. Можеби и нема да имате потреба од нив, но верувајте дека ќе ви биде мило доколку сепак ви се најдат.
7. Постојано жалење
Не само што е исцрпувачки постојаното жалење, со тоа ќе ги нервирате и луѓето во вашата околина кои можеби претходно сакале да ви помогнат или да работат со вас. Доколку жалењето е сѐ што правите, нема да бидете способни да откривате нови можности. Толку ќе сте фокусирани на негативностите што нема да цените ништо од она што го имате. Доколку нешто не чини, поправете го. Не жалете се.
8. Купување на непотребни нешта
Иако купувањето на нови играчки и алатки може да биде забавно, фокусирајте се на начин на трошење на вашите пари само на она што ќе ве донесе блиску со вашите соништа. Можеби нов компјутер е супер забавна идеја, но курс на Google Analytics или нов дизајн на вашата веб страница е подобра употреба на вашите пари. Или пак можете да ги зачувате тие пари на страна за „црни денови“, бидејќи сите имаме такви понекогаш.
9. Ставот дека не сте подготвени
Никој никогаш не е целосно подготвен за големите нешта во животот – започнување на бизнис, купување стан, автомобил итн. Едноставно морате да ги решавате работите по пат. Ова не значи дека не треба да имате план базиран на претходно знаење, но како што велат во програмирањето, „доколку не се срамите од првичната верзија на вашиот производ, сте го лансирале премногу доцна“. Не чекајте го совршениот момент, започнете веднаш.
Постојат многу предизвици на кои ќе наидете при работата на вашиот бизнис. Не дозволувајте овие предизвици да бидат нешта кои лесно можете да ги ставите под контрола. Поправете ги овие лоши навики и ставови и впуштете се во 2018 година со мисла да го остварите својот сон.