Излевањето на нафта од танкер на British Petroleum во Мексиканскиот Залив во 2010 година беше една од најголемите еколошки катастрофи во поновата историја. Излевањето резултираше со 100.000 жртви во морската фауна. Додека масивните излевања на нафта не се случуваат секоја година, сепак се случуваат помали инциденти.
Како што пренесува Green Matters, кога ќе се случи некој таков инцидент, тоа е катастрофа за океаните и за живиот свет во нив. За бизнисите, пак, излевањето на нафтата значи огромна загуба на пари, но уште поголема загуба поради трошоците за санација.
Истражувачи од Националната лабораторија Аргон на Министерството за енергија на создадоа нова технологија која нуди решение за излеаната нафта без никаква штета врз околината. Нивната иновација сунѓерот Oleo ја собира само нафтата и другите производи од нафта од водата.
Како функционира?
Oleo изгледа како некое перниче за седење и е направен од уникатен апсорбент кој наместо водата ја впива нафтата. Во текот на чистењето сунѓерот може да впие нафта 90 пати повеќе од сопствената тежина.
Еколошки е затоа што може да се исцеди и неограничено да се користи за разлика од другите производи кои по некое време се заситуваат со нафта и мора да се фрлат. Потоа, нафтата која ќе се впие може повторно да се употребува. Сепак, она што е најбитна особина на сунѓерот е дека може да ја впива нафтата и под вода, што е многу битно затоа што не секогаш нафтата излегува на површината на водата. Тимот кој ја направи оваа иновација сега работи на адаптација на технологијата за чистење и на други материии освен нафта.