Британски компании на вработените им даваат платено отсуство кога ќе посвојат куче

- Advertisement -

Секој кој некогаш си посвоил мало куче знае дека на почетокот може да биде напорно. Сопствениците често им се обраќаат на своите кутриња како „крзнени бебиња“ што е и разбирливо доколку се земе предвид колку внимание бараат кутрињата.

Потребно им е време да се привикнат на домот и да се поврзат со своите сопственици. Тоа е моментот кога само што се одземени од нивните мајки и донесени во целосно нова и непозната средина. Тогаш следува периодот кога мора да ги научните на хигиенските навики.

- Advertisement -

Во Велика Британија, одредени компании сочувствуваат со своите вработени кои минуваат низ ваков период и им нудат платено отсуство кое го нарекуваат pawternity. Истражување од Petplan покажало дека во државата, на 5% од новите сопственици на кучиња им било понудено платено отсуство додека да го адаптираат домашното милениче.

Една таква компанија е Mars Petcare која им нуди на своите вработени десет часа платено отсуство кога ќе посвојат милениче, а потоа можат да си го донесат миленичето на работа.

- Advertisement -

Друга компанија е Mparticle која нуди две недели платено отсуство. Според The Times, компанијата го нуди ова платено отсуство за вработените со цел тие да го тренираат и шетаат своето куче. „Нудиме породилно отсуство за мајките и татковците, па зошто не би понудиле и кога некој ќе стане нов сопственик на куче – кучето е сепак член на семејството.“, изјавиле од компанијата.

BitSol Solutions е технолошка компанија од Манчестер им нуди пак на вработени една недела платено отсуство за оваа намена. Сопственикот на компанијата рекол дека кутрињата се како бебиња, па зошто во овој случај да не им се даде платено отсуство на вработените.

- Advertisement -

Уште една ваква компанија е и BrewDog од Шкотска која исто така нуди една недела платено отсуство. Причината која ја навеле за ваквата одлука е нивната преголема љубов кон кучињата.

Во Велика Британија е забележано и дека некои компании даваат и неколку денови платено отсуство кога миленикот на вработениот ќе почине. Да се изгуби крзнениот пријател може да биде многу болно, па компаниите сочувствуваат.

Сподели!
- Advertisement -