Пет нешта кои вашиот LinkedIn профил им открива на работодавачите

- Advertisement -

Осигурајте се дека вашиот LinkedIn профил ќе ги потенцира вашите најважни квалитети!

Сѐ повеќе компании ги задолжуваат своите тимови за вработување редовно да бараат потенцијални кандидати на LinkedIn и да прегледуваат и оценуваат профили. Една битна работа која работодавачот и референтот за човечки ресурси го гледаат од вашиот LinkedIn профил е каков тип на професионална личност сте.

Доколку не сте внимателни, вашиот профил ќе споделува аспекти од вашиот професионален живот кои не би сакале да бидат видливи за другите. Еве пет нешта за кои не сте свесни дека LinkedIn ги открива за вас и кои треба веднаш да ги поправите.

- Advertisement -

1. Доколку немате прикачено фотографија, вие се криете

LinkedIn е најголемата професионална онлајн мрежа во светот со повеќе од 530 милиони корисници во преку 200 држави и територии. Со овој волумен на активност, многу корисници несомнено би биле заинтересирани во она што вие го правите и она што ви е важно. Но без профилна фотографија, она што вие го кажувате е дека не сте толку важни за луѓето да се заинтересираат за она што го работите.

- Advertisement -

Уште веднаш најдете фотографија која го доловува вашето професионално „јас“. Поставете и насловна фотографија која ќе кажува повеќе за вашите интереси. Секогаш имајте предвид до која група на луѓе сакате да дојдете преку профилот и дека вашата содржина ќе ве поврзува токму со овие луѓе.

2. Страст за работа

- Advertisement -

Зборовите со кои ќе објасните што точно работите сведочат за тоа како се чувствувате за работата. Ако користите зборови кои се еднолични, досадни, пасивни и нејасни – без индикации што е она што ве мотивира – тогаш пренесувате порака дека не си ја сакате работата. Луѓето кои имаат длабока страст за своето поле, го комуницираат тоа со виталност и енергија.

Поминете го целиот профил и заменете го секој збор што е досаден, се повторува, премногу е користен и неинспиративен. Најдете начин текстот што ќе го напишете да пренесува порака до оној кој го чита дека вие не само што сте страстни за работата, туку и сте одлични во истата. (Ако сметате дека не можете ова да го направите за вашето моментално работно место, тогаш сте во погрешната кариера, работа или работодавач.)

3. Знаете колку вредите и во што сте најдобри

Илјадници професионалци испуштаат шанси да потенцираат интересни факти за себе и работата. Она што треба да го направите преку LinkedIn е да раскажете за важните резултати за кои сте придонеле со вашата работа поради кои компанијата се развила или остварила профит.

Седнете во текот на викендот и размислете што ве прави она што се (предците, тренингот, достигнувањата, траумите, пресвртните моменти, врските, талентите) и поврзете ги точките со прашањето „Како сите овие нешта ми извршиле влијание и ме оформиле на начин што ме прави помоќен/помоќна и повреден/повредна за работата?“

Напишете дваесет факти кои ви го дефинираат професионалното „јас“ и споделете ги на вашиот LinkedIn профил. Споделувањето на овие факти не значи дека ви се фалете со нешто, туку дека им помагате на луѓето да видат дека сте подготвена личност која не се плаши да зборува за своите квалитети.

4. Барате вработување но не знаете како и каде да погледнете

Кога во својот опис ќе напишете „Бара професионални можности“ или „Бара вработување“, тогаш целите во празно. Фокусирани сте на она што ви недостасува – работно место – додека пак LinkedIn профилот е наменет да го акцентира она што можете да го понудите. Променете го овој момент со тоа што во описот ќе напишете зошто работодавачот треба да ве вработи, колку сте оригинални и вредни и што е од витална важност за заедничкиот развој, вашиот и на компанијата која ќе ве вработи.

Треба да раскажете што сѐ можете да постигнете во иднина со вашите вештини, а не вашето минато. Дека барате можности на LinkedIn се подразбира, инаку не би биле активни на мрежата.

5. Сигурност дека она што го работите е значајно

На крај, доколку ги наведете само задачите кои сте ги работеле, а не и што се случило после тоа, го оставате работодавачот да размисли дали вашата работа имала позитивен резултат. Потенцирајте дека вашата работа имала влијание и ќе продолжи да предизвикува промени. Вие сте многу повеќе од вашето моментално работно место, а доколку не споделите како можете да ги примените вашите таленти и способности кои ќе придонесат кон раст на компанијата, оној што чита не ќе може да ве замисли во такви ситуации.

Она што ќе го напишете за вас не треба да биде ориентирано кон задачи, туку фокусирано на придонеси. Споделете зошто сакате да го работите она што го работите, па дури и ако 80% од тоа ви е досадно, потенцирајте ги останатите 20% кои прават да се чувствувате живо, значајно и вредно.

Сподели!
- Advertisement -