Шест технолошки предвидувања за 2018 година

- Advertisement -

Многу аналитирачи истакнаа дека 2017 година била мрачна за технолошката индустрија и дека беше одбележана од предвидливи надоградувања и спектакуларни падови.

Се предвидува дека новата 2018 година ќе донесе некои нови возбудувања кога се работи за технологијата, а еве само неколку кои ќе бидат доминантни.

Проширена реалност во вашиот џеб

- Advertisement -

Виртуелната и проширената реалност веќе го најдоа своето место во индустријата за видео игри и овој тренд би требало да продолжи и во 2018 година. Воведување на помодерен однос меѓу корисникот и технолошкиот уред подразбира воведување на 3Д проекции и препознавање на движења што ќе овозможи многу подобро прифаќање и користење на оваа технологија. Ќе се постави и прашањето за приватноста и сигурноста за што исто така треба да се води сметка.

Асистирање при паркинг

- Advertisement -

Автономните возила веќе не се некоја новина, но тешко дека оваа година ќе можеме да видеме вакви возила на патиштата. Бројните препреки, како сигурностите, така и регулаторните го ограничуваат понатамошниот развој на ваквиот превоз. Експертите сметаат дека производителите на автомобили повеќе ќе се фокусираат на асистирачки транспорт како при паркирање, видео препознавање на препреки на патот и предупредување за непознати предмети пред возилата, а автономните возила ќе почекаат уште малку.

Роботи во медицината

- Advertisement -

Иако роботите се присутни во индустријата со години, уште го немаат пронајдено своето место во пошироката примена. Меѓутоа, последните неколку години е зголемена побарувачката за домашни роботи, како и нивните софистицирани верзии изградени за војската и за индустријата. Во 2018 година може да се очекува поголема употреба на роботите во медицината, медицинската нега и во други медицински гранки.

Предвидување на хакерски напади

Кога се зборува за технологија, невозможно е да не се спомене сајбер сигурноста и вештачката интелигенција, но овојпат во контекст на заедничка борба против сајбер криминалот. Хакерските напади и алатки стануваат пософистицирани и на луѓето им е потребна помош за да можат да се одбранат. Се очекува дека луѓето и понатаму ќе го имаат главниот збор бидејќи ниту вештачката интелигенција не е имуна на хакерски напади, но би можела да помогне во предвидување каде ќе се случи нападот и како да се заштитите.

Развој на криптовалутите

Криптовалутите како биткоин, етериумот и лајткоинот се веќе добро познати, а експертите веруваат дека оваа година би можеле да влезат во редовна употреба. Освен што внесуваат новитети на финанскиот пазар, технологијата која се развива во позадината на криптовалутата може да поттикне понатамошен развој на сајбер сигурноста.

Апликации кои предвидуваат што сакаме

Ќе се појават апликации кои предвидуваат што сакаме, а комуникацијата помеѓу корисниците и уредите ќе наликува на комуникација помеѓу две личности. На пример, мобилниот ќе снима подобри фотографии бидејќи сам ќе предвиди што и како сакаме да фотографираме. Значително ќе се подобри уредување на видеа па ќе снимаме повеќе „подвижни фотографии“ наместо статични.

Сподели!
- Advertisement -