Овие паметни компании не продаваат облека – ја нудат за изнајмување

- Advertisement -

Зошто да купувате кога можете да изнајмите? Овие компании покажуваат како модната индустријата може да биде поодговорна кон животната средина и кон вашиот паричник

Модната индустрија има навистина штетно влијание врз околината. Многу луѓе кои се грижат за екологијата престанаа да ја следат брзата мода затоа што не се чувствуваат удобно да поддржуваат индустрија која облеката ја смета за нешто што се користи одреден период и потоа се фрла.

Како што пишува TreeHugger, за луѓето кои донеле таква одлука други алтернативи се продавници за користена облека и еколошки марки, но и тие имаат негативни страни – користената облека е со ограниченапонуда, а еколошките брендови се доста скапи. Сепак, некои иновативни претприемачи смислија нов иновативен начин за поддржување на модната индустрија. Во продолжение следуваат примери на неколку компании кои се специјализирани за изнајмување висока модаа на принцип на претплата.

- Advertisement -

1. Kleiderei

Оваа германска компанија е основана во 2012 година од две пријателки, Пола Фендел и Текла Вилкенинг. Таа им наплаќа на корисниците месечна претплата од 34 евра. За таа сума членовите можат да добијат кутија со четири парчиња облека кои се доставуваат директно до нивниот дом. Облеката ја задржуваат четири недели и потоа ја враќаат за да добијат нова облека. Kleiderei има околу 4.500 парчиња облека за жени, што значи дека мала е веројатноста да ја добиете истата облека два пати.

- Advertisement -

2. Lena

Lena функционира како библиотека за облека во Амстердам само што наместо книги, таму разгледувате облека. За месечна претплата од 25 евра корисниците добиваат поени кои потоа ги разменуваат за облека во продавницата. На пример, основното членство носи 100 поени, што е доволно за да се изнајму јакна, додека една маичка е 25 поени. Можете да земете и премиум членство за да добиете повеќе поени.

- Advertisement -

3. Le Tote

Компанијата е со седиште во САД, а името го носи затоа што облеката што ви ја испраќа ја доставува во таква чанта – tote или едноставна чанта со две рачки за на рамо. Можете да изберете што сакате онлајн и да ја потврдите нарачката пред да ви ја испратат, а потоа имате неограничено време да уживате во парчињата облека пред да ги вратите. За враќањето на облеката не плаќате ништо. Доколку нешто ви се допадне премногу можете да го купите по цена од 50% од оригиналната цена.

Сподели!
- Advertisement -