Транс Динарика е прекугранична велосипедска патека која во моментов ги поврзува Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина. Од долината Соча во Словенија, близу Италија, патеката продолжува јужно покрај брегот на Јадранското Море во Хрватска, па на исто завршува во Сараево, во Босна и Херцеговина. Но, крајната цел на патеката, според организаторите на велосипедската мрежа, е да се вклучат сите осум земји од Западен Балкан, односно Црна Гора, Албанија, Косово, Србија и Македонија.

Како што пишува Радио МОФ, патеката ќе им возможува на посетителите да ги набљудуваат пејзажите во регионот: релјефи над морето, планинските премини, алпските езера и реки и градовите во срцето на динарските Алпи (од каде што и потекнува името на патеката). Но, покрај авантурата и културата, патеката нуди и редок поглед кон запознавање на посетителите со традициите, храната и приказните од овој регион.

- Advertisement -

Идејата за Транс Динарика се јавила во 2016 година кога тројца туристички оператори, од Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина се здружиле за создавање коридор што ќе се протега низ Западниот Балкан, кој често е занемарен од туристите.

Мисијата е да се искомбинира велосипедизмот (со акцент на планинскиот велосипедизам) и Стариот Свет. Притоа, мрежата исто така се справува со предизвиците што ги носат инфраструктурата и пристапноста, а во исто време ќе се обиде да поттикне одржливи, домашни, локални бизниси. Инспирирана од планинарската патека Виа Динарика, која е паралелна со велосипедската патека и опфаќа 1.930 километри низ истите осум земји, Транс Динарика им овозможува на многу посетители првпат да се пробијат низ локалитетите, селата и националните паркови на УНЕСКО.

- Advertisement -

„Поради многуте заедници низ кои поминува, Транс Динарика не се чувствува како типичен туризам, затоа што и не е. Ова се вистински места, кои не се навикнати на туристи, но сакаат да бидат домаќини“, вели Едо Вричиќ од „ВМД Aвантуристичко патување“, хрватскиот оператор што помага да се развие патеката.

Јан Клавора од „Посетете добри места“, агенција за активен туризам од Љубљана смета дека овој тип на патување е погоден за Балканот.

- Advertisement -

„Велиме дека велосипедистите се бавни и гладни. Бидејќи не можат да носат многу работи, а можат да стигнат до сите места, оваа патека помага да се трансформира структурата и претставува двигател за бизнисите во оддалечените области, каде што не доаѓаат други туристи освен велосипедисти“, вели тој.

Во моментов патеката е завршена во Словенија, Хрватска и во Босна и Херцеговина.

Извор: National Geographic