Научници направија бетон кој сам себе си ги затвора дупките и пукнатините

- Advertisement -

Оваа идеја е инспирирана од способноста на човечкото тело самото да ги залечува исечениците, модринките и скршeниците и за оштетениот дел да зема нутриенти кои произведуваат нови клетки за оштетениот дел

Научници на Универзитетот Бинхемтон развија бетон кој сам себе си ги поправа пукнатините со помош на габи. Асистент-професорот Конгруи Џин и нејзиниот тим пронајдоа начин посебен вид габи во комбинација со бетонот да дејствуваат како затворач на дупки. Оваа идеја е инспирирана од способноста на човечкото тело самото да ги залечува исечениците, модринките и скршeниците и за оштетениот дел да зема нутриенти кои произведуваат нови клетки за оштетениот дел.

Според Inhabitat, Џин и нејзиниот тим се фокусираат на кризата со патиштата поради долгогодишно неинвестирање во инфраструктура, па така сега во САД има опасни патишта, мостови и автопати. Додека Вашингтон се бори да најде доволно средства за федералната и државните влади, граѓаните бараат што побргу да се реши овој проблем кој генерира штети од над трилиони долари. Без соодветен третман пукнатините и дупките на патиштата се продлабочуваат и се открива челичната инфраструктура и се јавува опасност од корозија.

- Advertisement -

Кога бетонот лесно ќе може да се санира, одржувањето на инфраструктурата ќе биде поевтино. Тука стапува на сцена решението на Џин. Габите помешани со бетонот се мирни додека не се појави нова пукнатина во новиот бетон. Како што водата и кислородот навлегуваат во пукнатината спорите на габите се прошируваат и создаваат калциум карбонат кој ја затвора пукнатината. Иако технологија се уште е во зачетна фаза, досегашна примена покажува дека во блиска иднина овој бетон ќе го замени обичниот.

Сподели!
- Advertisement -