Село Арвати влегува на винската мапа! Александар ја основа првата винарија во Преспа

- Advertisement -

Од овоштарници со јаболка, до вински рај. Приказна за соништата и решителноста на основачот на првата винарија во питомиот регион на Преспа.
Во срцето на преспанскиот регион, каде што отсекогаш доминираа овоштарниците со јаболка, на таа питома убавина во која езерото дава посебен шарм, започнува да се расплетува едно ново поглавје во уметноста на правење на вино. Помеѓу шепотите на ветровите од Баба Планина и треперливиот одраз на Галичица на Преспанското Езеро, се појавува еден смел потфат кој ѝ пркоси на традицијата на овоштарството и ги прифаќа иновациите. 

Ова е извонредна приказна за Александар Димовски, визионер кој се осмели да погледне надвор од границите на конвенециите за јаболката и Преспа, пркосејќи им на очекувањата на своето време од нив да живее и вдишувајќи ѝ живот на првата винарија во Преспа, сместена во селото Арвати.

Како што лозата посегнува по сонцето, така и стартот на оваа винарија кој ќе се случи идната недела официјално, се испреплетува со соништата на минатите генерации и аспирациите на едно мало семејство длабоко поврзано со земјата што ја нарекуваат дом. Винаријата Алесто е приказна за страст, упорност и непоколеблива верба во трансформативната моќ на тероарот под нозете на овие луѓе, деликатно вткајувајќи ги вкусовите на земјата во секоја произведена капка вино. Со прецизен спој на традиционални техники на производство на вино и талентот за иновации, Александар ќе зборува во ова интервју, како црпи инспирација од богатата историја на земјата и како ги искористува изобилните природни ресурси на Преспа. Стартот на оваа винарија може да биде светилник за локалната заедница чиј поглед е исклучиво во јаболката – и доказ на она што може да се постигне преку претприемачкиот дух и бескромисната потрага по извонредност.
Додека златните сончеви зраци во Преспа ги галат лозјата на Алесто винаријата, со секоја голтка може да се вкуси кулминацијата на напорната работа, непоколебливата посветеност и отпечатокот на наследството на семејството. Јас добив навистина изненадувачко добредојде во свет каде што винарството ги надминува очекувањата, можеби заради тоа што Преспа секогаш ја врзувам за јаболката и се уверив уште еднаш како традицијата може да танцува со иновации.

Oва интервју е посветено на голтка винска македонска извонредност и уште еден бисер на македонските семејни винарии.
  
Новинарка | Љубица Ангелкова

- Advertisement -

Што ве инспирираше да ја основате првата винарија во регионот на Преспа, позната пред се по производството на јаболка? 

Ние како семејство одсекогаш сме имале лозје. Еден од нашите лозови насади има помеѓу 60 и 80 години. Исто така податокот од 60-тите и 70-тите години од минатиот век покажува дека во Преспа имало повеќе лозови насади отколку насади со јаболка. Тоа се променило со миграцијата на мештаните во странските земји и падот на цената на грозјето во тоа време.

- Advertisement -

Желбата и пасијата кон виното се вродија уште пред  5-6 години, каде на еден роденден пробав едно специфично, моќно, несекојдневно вино од ризницата на македонските винарии. Можеби тоа беше еден тригер на идејата, бидејќи ние одсекогаш сме имале лозје. Така да желбата и идејата постоеле во потсвеста.

Официјално во април 2022 година регистриравме семејна бутик винарија Алесто. Тогаш целата идеја и пасија се претворија во реалност, каде што за прв пат по професионален пат почнавме да произведуваме вино. Сместена е во падините на Баба планина, во село Арвати. Целта е да се направи спој на заборавената традиција и новиот свет. Името доаѓа од првите букви од мене и брат ми, Але – Александар и Сто – Стојанче.

- Advertisement -

Името на 5 етикети кои сега ги имате имаат своја приказна, раскажете ја.

Во нашето потрфолио имаме пет етикети, сите се поврзани меѓусебно со својата приказна и воедно се надополнуваат. LUX нашата прва етикета и означува светло на латински. Би ја поврзал со една фраза и тоа “ на крајот од тунелот секогаш постои светло “, во овие “ предизикувачки” времња секогаш постои нешто за што треба да се бориме, макар и тоа да треба од почеток да го создаваме. Нашиот сон.

LACUS го претставува нашиот симбол, Преспанското езеро. Како секогаш со неговиот раскош и убавина лежи во дланките на нашите бели дробови, националните паркови Пелистер и Галичица. И значи за најголемиот извор на Охридското езеро.

PELA била првата престолнина на Цар Самуил. Ни ја претставува историјата и моќта на овој дел. Денес живееме и пиеме историја.

BUCEPHALUS нашиот вранец. Означува симбол за карактем, моќ, истрајност, долговечност и скротливост за вистинските уживатели. Име на коњот и војсководецот кој го освоија целиот свет во 4ти век пред наша ера Александар Македонски.

AMARE означува љубов на латински. Се што ќе пробате, вкусите, доживеете, почуствувате во присуство на Алесто, љубовта е тајната сосотојка.

Како го гледате потенцијалот за производство на вино во оваа област?

Во преспанскиот регион некогаш имало повеќе возја отколку насади со јаболка. Тој факт покажува дека имаме извинредни предуслови пред се за производство на високо квалитетно грозје потоа и на преточување на тоа грозје во чаша вино, уметност.

Воедно потребно е плански да се садат лозја, со претходно направени анализи на почва, избор на сорта, експозиција на поставеност на лозовиот насад. Предуслов за квалитетно вино.

Можете ли да ни кажете за уникатните карактеристики на преспанскиот регион што го прават погоден за производство на вино? 

Уникатните карактеристики ги создава  тероарот заедно со начинот на одгледување на виновата лоза и самите производствени техники во подрумот.

Како локалниот тероар придонесува за профилот на вкус на вашите вина?

Нашиот тероар е многу специфичен, бидејќи наоѓаме на надморска висина од 900 метри, со то се издвојуваме и значиме за највисоко виногорие на Балканскиот полуостров. Исто така се спојуваат две клими Умерено континентална и Медитеранска клима која доага од Егејскиот дел, со то се формираат ружа на ветрови и имаме константен ветар со слаб интензитет во текот на целата година што и те како е погоден за виновата лоза. Тука би ги издвоил и двата микро локалитети кои имаат засебен состав на почва и тоа песоклива и црвеница. Преспанското езеро и те како влијае што се создава двојна рефлексија. А самата флора е неизбежна за хербалноста на вината.

Започнувањето винарија од нула не е мала работа. Кои беа некои од предизвиците со кои се соочивте при формирањето на вашата винарија и како ги надминавте?

Со законот за мали семејни винарии кој се донесе во 2020 година има олеснување во делот со правните документи за регистрација и ни дава можност на секој како физичко лице да регистрира семејна винарија до 50000 литри, а притоа да поседува или да има под закуп лозов насад и подрум со основна опрема за производство на вино. Од голема помош беше и неповратниот гранд на националната програма за мали семејни винарии, каде што по апликација и исполнување на потребните документи заедно со 59 семејни винарии во 2022 година добивме неповратни средства одноисно опрема. Беше огромен стимул за развој, напредок во технологијата и стручна поддршка. Од огромна помош и значење е здружението Македонски семејни винарии од кое сме дел, каде што здружени заедно претставуваме еден симбол за винскиот туризам во Македонија што сега зема замав.

Иновациите често играат клучна улога во успехот на стартапите. На кој начин внесовте иновации во процесот на производство на вино или бизнис моделот во вашата винарија?

Тие се од клучно значење за еден нов бренд на пазарот. Ние ги искористивме само ресурсите кои ни ги дава природата. Каде што традиционалното го споивме со модерниот стил на живот, каде што преку доза на љубов и посветеност креиравме еден уникатен производ, но во иднина таа палета би се надополнувала. Со мала интервенција на енолошки средства и следење и почитување на енологијата го правиме нашето вино.

Нашиот концепт е храна, вино, дегустација, посета на винарија, продажба, задоволни гости.

Кажете ни за одржливоста и еколошката одговорност во вашата винарија. Како ги интегрирате одржливите практики во вашето работење и придонесувате за зачувување на уникатниот екосистем на регионот на Преспа?

Семејното претприемништво често се карактеризира со силно чувство за традиција и наследство. Како ја балансиравте традицијата со иновациите во вашиот пристап кон производството на вино, и какво е влијанието врз вашиот бизнис?

Градењето бренд од темел бара ефективни стратегии за маркетинг и брендирање. Вие сте на старт, кој тука ќе ви помогне?

Пред се огромна благодарност до нашата дизајнерка Сара Цветкоска која се грижи за дизајност на логото и етикетите. Верувам и во понатамошна успешна соработка.

Од големо значење се сите досегашни интервјуа, воедно и денешното, каде што сум преблагодарен за иницијативата на Љубица Ангелкова и иницијативата на Борјан Јовановски.

Денес има многу модели на маркетинг, но еден од најдобрите се задоволните клиенти и нивната препорака. Исто така министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство додели гранд за промоција на винскиот туризам и малите семејни винарии .

Соработката и вклученоста на заедницата може да бидат клучни за малите бизниси. Дали сте се ангажирале со локални земјоделци, добавувачи или други засегнати страни во регионот на Преспа? 

Сите продукти кои ги користиме во дегустацијата млечни производи, месо, риби ги набавуваме од нашите комшии, а овошјето и зеленчукот го произведуваме сами.

Каква корист има оваа соработка и на вашата винарија и на локалната заедница?

Со градење на винскиот туризам и посета на винаријата преку дегустации, туристите го запознаваат местото, ја осознаваат приказната, се љубопитни што уште можат да видат, пробаат, посетат. Секој кој има производ со додадена вредност како што се млечни, месни производи, преработка од овошје, зеленчук, свежи производи би можеле да се продаваат на туристите. Се разбира делот со смештај е неизоставен, каде што би можеле да останат повеќе денови.

Винскиот туризам се здоби со популарност во последниве години. Дали ги вклучивте искуствата или настаните од винскиот туризам во вашиот бизнис модел

Имав можност да посетам неколку настани во Македонија каде што видов каде сме ние, какви се нашите ресурси и што е применливо кај нас. Од големо значење е интернетот каде што преку конкретни канали, емисии, серии без физичко присуство научив многу за винскиот туризам.

Исто така посетував едукација организирана од швајцарската амбасада спроведена од Wineberry. Од исклучително значење беше и курсот за сомелиери реализиран од Звонко Херцег.

Гледајќи напред, кои се вашите идни планови и аспирации за винаријата? Како го замислувате растот и развојот на винарската индустрија во Преспанскиот регион…

Потенцијалот за целокупна понуда сместување, традиционална храна, посета на винарија се неизбежни за пополнување на понудата во Преспа. Нашата цел и визија е секојдневно да работиме на тој сегмент, да инспирираме и други луѓе да се одлучат да направат нешто што ќе привлече повеќе туристи и посетители во Преспа, а воедно и да се формира уште некоја винарија. Да креираме една синергија помеѓу традиционалното и модерното во нашата понуда.  Секоја година ќе се трудиме да произведиме нов производ во нашата понуда, а веќепостоечките да го зголемуваат квалитетот. Да преку винските дегустации, го зголемиме познавањето на стилот на вината и да го издигнеме винското знаење, а со тоа да ја претставиме Преспа во полн сјај и да и дадеме нова димензија.

Би сакал со ова интервју да го најавам официјалното отварање на првате семејна винарија во Преспа, кое ќе биде во среда на 12ти Јули и секој кој сака и е во можност топло е добредојден да ги проба нашите вина и воедно да си купи од истите. Ве очекуваме.

Сподели!
- Advertisement -