Проста математика – ние сечеме по 15 милијарди дрвја годишно, а садиме само 9 милијарди. Тоа значи дека секоја година губиме по 6 милиајрди дрвја. Рачното пошумување е скапо и многу бавно. За да се држи чекор со тракторите и булдожерите кои за краток периор порамнуваат големи површини шуми потребно ни е индустриско решение. На пример, дрон кој може да сади до 100.00 дрвја дневно.
BioCarbon Engineering е компанија со седиште во Велика Британија која откри нов метод на засадувањe дрвја брзо и многу поетвино. И не само тоа, дрвјата можат да се засадуваат на области кои се непристапни. Нивните дронови најпрвин ја скенираат топографијата за да направат 3Д мапа. Потоа со помош на алгоритми се пресметува најефикасната шема за пошумување.
Наредниот чекор е дрон наполнет со изникнати семиња исфрла едно семе во секунда или околу 100.000 дневно. Доколку се зголеми бројот на дронови кои пошумуваат на 60, годишно може да се засадат 1 милијарда дрвја.
Инженерите од компанијата проценуваат дека нивниот метод е 10 пати побрз и 20% поевтин отколку рачното пошумување. Бидејќи не е вклучена тешка машинерија, може да се сади во непристапни предели каде што нема патишта или дури и на стрмен терен. Тимот на BioCarbon ја тестираше својата технологија на различни локации, меѓу кои и поранешен рударски предел во Дунгог, Австралијa.
Земјоделството е една од главните причини за обесшумување. е проценува дека светот годишно губи од околу 190.000 до околу 250.000 квадратни километри шума. Тоа е еднакво на површината на 48 фудбалски игралишта во минута.