Четири совети со кои значително ќе заштедите на гориво!

- Advertisement -

Во зимскиот период кога е најладно, вашиот автомобил троши нешто повеќе гориво во однос на летните месеци. Но температурата на воздухот не е единствениот фактор поради кој автомобилите трошат повеќе бензин од вообичаеното.

Со цел, потрошувачката на гориво во зимскиот период да ја сведете на најмала можна мерка, почнете со овие четири чекори кои можат да ви помогнат во таа намера.

1. Проверете дали капакот на резервоарот е добро затворен

- Advertisement -

Поради неисправен капак на резервоарот, одредена количина на бензин би можела да испари.

2. Користете квалитетно масло

- Advertisement -

Квалитетното масло на оптимален начин ќе ги подмачка сите механички делови на моторот што на крај значи и оптимална потрошувачка на гориво.

3. Балансирање на гумите

- Advertisement -

Небалансираните гуми бргу и се трошат што значи дека пружаат поголем отпор поради што моторот работи посилно. На овој начин потрошувачката на гориво се зголемува за 15%.

4. Редовно одржување на моторот

Автомобилот кој не поминал еко тест или има неисправни свеќици, може да троши и до 30% повеќе гориво. Гледајте редовно да ја проверувате состојбата на моторот или да ја носите на сервис каде можат го направат тоа за вас.

Сподели!
- Advertisement -