PricewaterhouseCoopers предвидува намалување на бројот на автомобили до 2030 година

- Advertisement -

PricewaterhouseCoopers во своето најново истражување истакнува дека автомобилскиот пазар ќе се соочи со радикални промени до 2030 година. Како резултат на економијата на споделување, бројот на автомобили би можел да падне од 280 милиони до 200 милиони во Европа, како и од 270 милиони до 212 милиони во САД. Од друга страна пак, се очекува дека бројот на автомобили во Кина ќе се зголеми од 180 милиони на 280 милиони, пишува ICT Business.

Извештајот „Пет димензии на трансформација на автомобилската индустрија“, носи контрадикторни резултати. Иако предвидува да се намали бројот на возила во САД и Европа до 2030 година, сообраќајот на патиштата ќе стане погуст. Се предвидува и дека еден од секои три извозени километри, ќе биде во некој од облиците на споделување на возила.

- Advertisement -

Трендот на споделување ќе се комбинира со два мега трендови во автомобилската индустрија, односно електрификација на возните системи и самоуправувачките возила. Според сценариото на PricewaterhouseCoopers, до 2030 година, 50% од сите нови возила ќе бидат електрични, а конвенционалните мотори со внатрешно согорување полека ќе изумираат. Се очекува дека овие процеси во Европа ќе се одвиваат паралелно, додека пак трензицијата ќе биде побрза во Кина поради што оваа држава би можела да стане лидер во трансформацијата на автомобилската индустрија.

Со зголемувањето на бројот на луѓе кои ќе се свртат кон споделувањето на автомобили, до 2030 година исто така ќе се намали бројот на сопственици на возила, додека пак индивидуалниот сообраќај ќе се зголеми. Личната километража во Европа би можела да се зголеми за 23%, во САД за 24%, а во Кина за 183%.

- Advertisement -

PricewaterhouseCoopers претпоставува дека бројот на нови регистрирани возила годишно во Европа ќе се зголеми за една третина на повеќе од 24 милиони автомобили до 2030 година. Тоа е единствениот начин на компензација на поголемата истрошеност на автомобилите како последица на концептот на споделување. Во САД се очекува овој раст да биде за 20%, а во Кина преку 30%. Од производителите на автомобили ќе се бараат дополнителни инвестиции во нови капацитети за производство и развој, а новите конкуренти од технолошкиот сектор ќе бараат прилики да се пробијат на пазарот.

Сподели!
- Advertisement -