Париз за неколку години може да стане најбитен финансиски центар во Европа

- Advertisement -

Париз за неколку години може да го претекне Лондон и да стане најбитен финансиски центар во Европа, истакна францускиот министер за финансии Бруно ле Мер, иако најавите дека Британија по излезот од Европската унија ќе одржува силни врски со унијата засега го кочат масовното преселување на банкарските работи во континенталниот дел од Европа.

Во разговор за Reuters на конференцијата на Светскиот економски форум во Давос, Ле Мер истакна која е предноста на преселувањето на работата во Франција. Меѓу другото, ги наведе силната регулаторна рамка, реформите на претседателот Емануел Макрон насочени кон подобрување на бизнис средината и Париз како примамливо место за живот.

- Advertisement -

„Имаме многу цврста регулаторна рамка. Исто така, ги презедовме сите чекори за да станеме поатрактивни за други финансиски институции од целиот свет. Затоа мислам дека имаме најдобри шанси во иднина да станеме најбитен европски финансиски центар. Не доминантен туку најбитен центар. По Brexit ќе се појави нов лидер.“ изјави Ле Мер во Давос.

Париз заедно со Франкфурт, Даблин и Амстердам се градовите од Стариот континент кои сакаат да ги привлечат банкарските активности од лондоснки City. Засега се чини дека годинава таму ќе се преселат мал број активности бидејќи поголемиот прилив на банкари го кочи неизвесноста во какви односи ќе остане Британија со ЕУ после март 2019 година, пренесува Poslovni Dnevnik.

- Advertisement -

Во истражување на Reuters, Франкфурт ја освои позицијата најпопуларна дестинација за нови работни места после Brexit, додека Париз заврши на второ место. Во ноември минатата година, пак, ветар во грб за Франција беше одлуката на Европската унија Париз да стане ново седиште за Европската агенција за банки.Француската влада почна и силно лобирање за привлекување на банките од Лондон.

Така, францускиот претседател еден ден пред почетокот на конференцијата во Давос во Версај угости високорангирани банкари и бизнисмени за да им укаже на предностите на Париз. Меѓу гостите беа изршниот директор на Goldman Sachs, Лојд Бланкфајн и Џејми Дајмон, челникот на J.P. Morgan.

- Advertisement -

Банкарите, пак, од Давос порачаа дека привлечноста на главниот град на Франција ја нарушуваат крутите закони за работа и релативно високите корпоративни даноци.

Сподели!
- Advertisement -