Wizz Air прогласена за најдобар авиопревозник во Европа за 2017 година

- Advertisement -

Wizz Air, најголемата нискобуџетна авиокомпанија во централна и источна Европа, ја освои наградата за Европска авиокомпанија на годината – Aviation 100.

Наградата ја прими Оуин Џонс, главен директор за корпорации на Wizz Air, на Airline Economics Growth Frontiers конференција и свечената гала-вечер одржана во Лондон.

- Advertisement -

Aviation 100 ја пофали Wizz Air за извонредната година на раст, во која компанијата доби рекордни броеви на патници и дополнително ја прошири својата мрежа.

„Ние сме горди што ја добиваме оваа престижна награда, што уште еднаш потврдува дека Wizz Air е одличен бизнис, како и одлична авиокомпанија. 2017 година беше многу возбудлива година за Wizz Air, бидејќи остваривме неверојатен раст од над 24% и рекорден број на патници кои ја зголемија нашата мрежа до преку 550 правци низ 43 земји и воведовме бројни иновативни подобрувања на искуството на нашите клиенти.“, изјави Џонс при примањето на наградата.

- Advertisement -

Тој уште најави дека авиопревозникот нарачал и дополнителни 146 авиони од типот Airbus А320 и во 2018 година ќе бидат исклучиво посветени на корисничкото искуство и стимулирање на побарувачката.

Сподели!
- Advertisement -