Светот ќе добие уште 1.000 Mekdonalds ресторани

- Advertisement -

Американскиот синџир за брза храна Mekdonalds (McDonald’s) ќе инвестира околу 2,4 милијарди долари и ќе отвори 1.000 нови ресторани во светот во текот на 2018 година, пишува Bizlife.

„Во 2018 година планираме да инвестираме околу 2,4 милијарди долари капитал, од кои најголем дел ќе биде реинвестиран во постојните локации. Нашиот план за развој вклучува и отворање на 1.000 нови McDonald’s ресторани” изјави финансискиот директор на McDonald’s, Кевин Озан.

Компанијата во четвриот квартал минатата година оствари приходи од 5,34 милијарди долари, што е повеќе од очекувањата на аналитичарите, кои предвидуваа приходи од 5,26 милијарди долари. Нето-добивката на компанијата достигна 698,7 милиони долари или 87 центи по акција, што е пад во однос на 1,19 милијарди долари, односно 1,44 долари по кација во 2016 година.

Сподели!
- Advertisement -