- Advertisement -
Алтернативните превозни средства полека на европскиот пазар стануваат меинстрим. Бензинците и дизелашите полека, но сигурно ја губат доминацијата и во 2017 година во Европа се продадени дури 953.355 автомобили со хибриден или електричен погон, како и такви на водород и плин. Тоа е зголемување за дури 39%.
Меѓутоа, и со тие бројки автомобилите на алтернативен погон држат релативно мал дел од европскиот пазар – се на се 6,1%. Но, доколку продолжи растот и во идните неколку години, зелените автомобили ќе преовладуваат по патиштата не само во Европа, туку и во целиот свет, пренесува SEEBiz.eu.
- Advertisement -