Германија ги забранува детските паметни часовници

- Advertisement -

Телекомуникацискиот регулатор во Германија ги нарекува паметните часовници “системи за неавторизирано емитување пораки” 

Германската Сојузна агенција за мрежна дејност (BNetzA) забрани продажба на паметни часовници за деца и побара од родителите да ги уништат тие што веќе ги купиле. Одлуката е образложеба дека „паметните часовници се системи за неавторизирано емитување податоци“, а најмногу се загрижени од можноста за емитување звук во околината. Претсефателот на агенцијата Јохен Хоман вели дека родителите со вакви часовници можат неприметно да слушаат звуци и разговори од околината на нивните деца, и би можеле да ги слушаат и предавањата во училиште.

Уредите од ваков тип веќе извесно време предизвикуваат загриженост околу приватноста на децата. Еден од примерите за тоа е случајот со хакирањето на компанијата VTech во 2015 година кога хакерите дојдоа до податоци на 6,4 милиони корисници, што вклучуваше фотографии и разговори на деца.

- Advertisement -

Германската забрана доаѓа откако норвешкиот одбор за заштита на потрошувачите објави дека одрдени брендови на паметни часовници за деца емитуваат податоци без енкрипција, што го олеснува пристапот до податоците кои ги користат децата.

Многу експерти ширум светот се согласуваат дека итно треба да се заостри регулативата за IoT (Internet of Things) затоа што постојната регулатива им овозможува на производителите да продаваат опасни и небезбедни паметни производи.

- Advertisement -

Затоа овој потег на Германија се смета за пресвртница во законската регулатива за паметни гаџети затоа што производителите во иднина ќе мора да водат многу повеќе грижа за безбедноста на уредите, а собирањето на податоци за какви било потреби мора да се забрани.

Сподели!
- Advertisement -