Фактот дека Илон Маск се одлучи наместо парче бетон или челик да го испрати својот Tesla Roadster во вселената на прв поглед може да ви се чини налудничаво, но, всушност, се работи за исвонреден маркетиншки трик. Видеото како Tеsla Roadster со куклата облечена во новиот вселенски костим на SpaceX лебди во Земјината орбита додека во позадина свири песната на Дејвид Боуви, „Space Oddity”, е историски момент кој ќе се памети со генерации.
Како што пренесува Yimo, се чини дека Roadster ќе продолжи да кружи околу Земјата затоа што Falcon Heavy успешно ги поминува предвидените фази. Иако првично замислата беше Falcon Heavy на мисијата да понесе и двајца туристи, Маск призна дека повеќе му се допаѓа идејата таквата мисија да ја остави за лансирањето на уште посилната ракета, Big Falcon Rocket, која уште се развива.
Во секој случај, денес целиот свет следи што се случува со Falcon Heavy.